Експертите откриле кој филмски психопат е најреален - Ќе се изненадите од резултатите

Точка

16/03/2017

20:00

6.085

Големина на фонт

а а а

Иако навистина се склони кон насилство, психопатите во реалниот живот се многу посуптилни во своето однесување.

Психопатите во холивудските филмови се барана роба – тие ја плашат и ја интригираат публиката. Но, колку се тие реални, односно колкави се шансите таквите психопати да постојат и во реалниот живот? Психијатрите во 2013 година одлучиле да истражат кои меѓу фиктивните ликови се најреалистични, па анализирале повеќе од 400 филмови.

Проектот на гледање филмови и анализа траел цели три години, а после тоа десет експерти го свеле изборот на 126 фиктивни ликови. Меѓу нив, после подетално набљудување, за најреален е прогласен Антон Чигурх од филмот „Нема земја за старци“.


„Се чини дека тој е ефективно сосема лишен од емоции, секоја вид на хуманост и како таков е неранлив“, е заклучокот на белгиските психијатри. Останатите ликови во помала или поголема мера се оценети како неуверливи, бидејќи нивните однесување се оценети како премногу екстремни.

Имено, освен тоа што психопатите се склони кон насилство, тие во реалниот живот се многу посуптилни, но се чини дека тоа не е премногу „филмско“. Така, познатиот Ханибал Лектор не влегол ниту во потесниот избор.


Лектор е исклучително интелигентен и софистициран, а неговата разорувачка харизма и хумор ја кријат неговата вистинска природа. Сето наведено не е комбинација која се наоѓа во реалните психопати. Исто така, психијатрите додаваат дека тој е всушност лош приказ на психијатар, сосема нереален бидејќи ги дијагностицира внатрешните психолошки конфликти на Клерис Стерлинг преку нејзиниот парфем или чевлите кои ги носи.


„Тоа се способности на Шерлок Холмс и за нив нема место во секојдневната клиничка пракса“, заклучиле експертите. Ниту Норман Бејтс од „Психо“ не успеал да ги измами психијатрите, кои за него заклучиле дека е премногу психотичен за да биде реален лик. Меѓу реалистичните психопати го сместиле и Гордон Геко, арогантниот банкар вечно жеден за пари од филмот „Вол Стрит“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг