Анџелина Џоли одбрала совршен фустан, но еден детал на неа е алармантен!

Точка

16/03/2017

19:06

8510

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли, актерка и Висок комесар на Обединетите нации за бегалци, вчера присуствувала на годишното предавање на фондацијата "Sergio Vieira de Mello" во претставништво на ОН во Женева. Таа била елегантна, посветена, сериозна и она што е највидливо во нејзиниот случај – преслаба.

Актерката уште одамна ни покажа дека има стил. Фустанот кој го одбрала за вчерашниот собир имал одличен крој и бил во актуелната сина боја. Чевлите со колоритот одлично ја следеле нејзината облека. Накитот и шминката биле дискретни, па целиот нејзин стајлинг бил соодветен на приликата.


Но, она што секогаш го уништува нејзиниот изглед, но и што ги загрижува нејзините фанови, е нејзината видлива исцрпеност и нејзината линија која навистина е премногу слаба.


Анџелина после разводот од Бред Пит доживеала многу тешки моменти. Нејзините пријатели откриле дека поради крајот на двегодишниот брак и повеќегодишната врска паднала во депресија и одбивала храна.


После обвиненијата кои му ги упати на поранешниот сопруг дека физички го злоставувал нивниот син Медокс, Анџелина ја „спуштила топката“ и порачала дека Бред е добар татко. Сега одлучила да се посвети на она што со години е нејзино поле на интерес – хуманитарната работа.

Се зборува дека и покрај шесте деца кои ги има, актерката планира да посвои уште деца.


Но, она што навистина ѝ е неопходно се килограмите. Можеби милионите опомени кои многу медиуми ѝ ги испраќаат на славната актерка и молбата на нејзините фанови конечно ќе допрат до неа.



Спонозорирани линкови

Маркетинг