Телевизија, интернет и фиксна линија – три месеци бесплатни пакети од Неотел

Точка

16/03/2017

18:45

3.694

Големина на фонт

а а а

Три месеци бесплатно за НеоТрио пакетите е новата и тековна понуда од Неотел. Различните пакети кои се нудат за корисниците, го вклучуваат новиот концепт на интерактивна телевизија neoTV, неограничен интернет и бесплатна телефонска линија, сè во едно.

Уникатноста на понудата покрај тримесечниот бесплатен пристап до услугите вклучува и плус достапност до 10 бесплатни филмски канали на Film Box.

„Понудата и промотивниот бесплатен период ги создадовме затоа што ваквите ’се од едно место’ пакети се навистина погодни за корисниците и податливоста на понудата е веќе потврдена. Затоа и сакаме да ја направиме подостапна за граѓаните, а со промотивниот период им овозможуваме преку сопственото искуство да можат да се уверат во квалитетот на услугата и содржините што ги обезбедуваме“, велат од компанијата.


Дополнителната погодност на понудата е тоа што neoTV услугата ја овозможува опцијата за гледање ТВ, снимање, паузирање и премотување на кој било уред, каде и да сте. AndroidТМ уредот го претвора телевизорот во мини-компјутер со што корисникот добива неограничен пристап до сите андроид апликации и бесплатни содржини на интернет.

НеоТрио понудата е достапна во повеќе пакети во зависност од варијациите во бројноста на каналите, достапноста на различните ТВ пакети, типот на интернет пристап, стандарден или оптички, како и вклучените разговори кон останатите фиксни мрежи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг