Џиновски питон уловил опасна хиена, а во судирот на двата непријатели само еден е победник!

Точка

16/03/2017

18:34

7276

Големина на фонт

а а а

Турист во Кенија се нашол во морничава ситуација кога случајно наишол на четири метри долг камен питон кој убил и изел хиена тешка повеќе од 65 килограми.

Според пишувањето на Национална географија, холандскиот веб дизајнер Џош Бакер ја открил змијата додека го истражувал Масаи Мара националниот резерват, а неговиот туристички водич веднаш ги известил надлежните во кампот за настанот, кои пак, ги вклучиле и зоолозите и научниците од Универзитетот во Мичиген.


Овој случај предизвикал посебно внимание, бидејќи сите биле скептични како питонот успеал да улови и скроти едно толку големо и паметно животно како што е хиената, што е случај кој ретко се случува.

„Морам да кажам дека овој питон го надминал својот вид. Неговиот напад морал да биде многу брз и силен, и да биде лоциран точно да ги стегне градите и дишните патишта, бидејќи само малку ако промашел, хиената лесно би се ослободила и во еден потег би му го скршила черепот“, рекол еден од научниците.



Инаку, овој вид питон може да порасне и до осум метри и да тежи околу 90 килограми, така што се претпоставува дека во овој случај станува збор за помлада единка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг