Турскиот министер за правда Боздаг го критикуваше германскиот колега Мас

Макфакс

16/03/2017

16:36

322

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг напишал писмо до германскиот колега Хаико Мас, како одговор на претходно добиеното писмо во кое се бара ослободување на германскиот новинар Дениз Јуџел, кој се наоѓа во турски затвор, пишува денеска Hurriyet.

“Наместо да пишувам писма полни со неоправедни и неосновни обвиненија против Турција и кои не се компатибилни со принципите на дипломатската учтивост, би ве критикувал за регулациите кои не се во духот на владеењето на правото, а се против странците кои живеат во Германија, вклучувајќи ја и турската заедница “, пишува во писмото на Боздаг.

Тој додава дека правниот систем во земјата гарантира независни судови во корист на турската нација. Тоа значи дека кој и да е власт не може да им заповеда или да им дава инструкции на судиите.

“Дениз Јуџел, кој беше споменуван во писмото, е уапсен под обвинение за пропаганда во корист на терористички организации, а не заради новинарска дејност, како што вие тврдите “, посочува турскиот министер. Новинарот кој е со двојно турско-германско државјанство, беше уапсен на 27 февруари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг