Невил му предложи на Мурињо што треба да направи за да го задржи незаменливиот Ибра во Јунајтед

Дерби

16/03/2017

21:00

1.298

Големина на фонт

а а а

Гери Невил е редовно вклучен во актуелните теми во Премиер лигата како стручен коментатор за „Скај Спортс“, меѓутоа повеќе од јасно е дека негов главен приоритет е преокупацијата со случувањата во неговиот омилен клуб.

Легендарниот десен бек на Манчестер Јунајтед редовно ги коментира случувањата на „Олд Трафорд“ во изминативе неколку години, а мора да се напомене дека тој е еден од оние кои му даваат безрезервна и огромна поддршка на Мурињо за работата која ја извршува во својата прва сезона како менаџер.

Невил не штедеше позитивни коментари за Мурињо и во своето последно обраќање кое го имаше во јавноста, но истото го искористи за да испрати и предлог до Португалецот за тоа како да го задржи најдобриот играч во тимот.

Гери веќе во неколку наврати порача дека Ибрахимовиќ во овој момент е незаменлив играч во тимот, а смета дека ќе остане на „Олд Трафорд“ само ако Мурињо му ја исполни желбата, односно ако му го продолжи договорот на дополнителни две години.

– Мислам дека мора да му биде понуден двегодишен договор. Поради професионализмот кој го покажа, поради работата на тренингот, поради посветеноста кон клубот. На Јунајтед му е потребен играч со карактер како неговиот по тоа што се случуваше во изминативе неколку сезони. Сите успеси на Јунајтед во досегашниот дел од сезоната дојдоа поради неговиот пристап. Сигурно дека нема да може да го игра секој натпревар во наредните две години, но Мурињо ќе знае како да го изменаџира тоа, – истакнал Невил за „Омниспорт“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг