Каранка доби шут-карта од Мидлзброу

Дерби

16/03/2017

20:00

676

Големина на фонт

а а а

Мидлзброу игра очаен фудбал од стартот на новата 2017 година, а тоа што во неколку наврати се шепотеше низ англиските медиуми, сега беше и официјално потврдено од страна на официјалната страна на клубот од „Риверсајд“.

Ова попладне беше испратено клупско соопштение во кое се образложува дека Аитор Каранка повеќе не е менаџер на англискиот премиерлигаш, а како главна причина е наведена лошата форма на тимот кој не знае за победа веќе два и пол месеци во најсилното друштво.

Низата на лоши резултати го одведе Мидлзброу во опасниот дел од табелата, па во обидот да се спречи испаѓање, клубот ќе се обиде со нови и свежи идеи да дојде до посакуваната цел. Каранка беше десна рака на Мурињо во периодот кога Португалецот беше во Реал Мадрид, а најголем успех за време на својот престој кој го имаше во Мидлзброу е тоа што го врати тимот во Премиер лигата

– Сакам да им се заблагодарам на сите во Мидлзброу за преубавата шансас што ја добив да работам за овој клуб. Истовремно голема благодарност и до играчите и комплетниот стручен штаб. Посебно благодарам до навивачите кои секогаш ме поддржуваа, сакам да им кажам дека Мидлзброу секогаш ќе има посебно место во моето срце. Му посакувам се најдобро на клубот во иднина, – гласи изјавата на Каранка кој мина три и пол години на „Риверсајд“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг