Лекција за цел живот: Алиоски и компанија во фабрика во шест наутро за да видат што е мака…

Дерби

16/03/2017

19:00

2.359

Големина на фонт

а а а

Екипата на Лугано минатиов викенд претрпе тежок пораз од Тун со 5-2 во првенствениот натпревар во Швајцарија, а тренерот Паоло Трамецани незадоволен и револтиран од играта и резултатот на неговите избраниците реши да им одржи вистинска лекција на Езџан Алиоски и компанија.

Тој се реши за еден необичен, ама практичен метод или поточно ги однесе играчите во шест наутро во една од локамните фабрики за да сфатат оти се привилегирани што заработуваат играјќи фудбал наместо лебот да го печат мачејќи се како обичните работници.

Алиоски и неговите соиграчи имале обиколка околу фабриката, се запознале со запознале со методите, работата, колку трае работното време и колку всушност тоа е напорно.

Потоа се вратени во тренинг кампот на Лугано каде дополнително ги „исцедил“ тренерот Трамецани кој е некогашен играч на Тотенхем и Интер.

Целосна поддршка на Трамецани му дала и управата која верува во него и не сака да му се меша во работата и неговите методи и принципи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг