Милан одбиле понуда за Донарума?

Точка

16/03/2017

17:00

1.173

Големина на фонт

а а а

Наводно во текот на изминатиов период, управата на Милан одбила понуда за 18-годишниот голман Џанлуиџи Донарума.

За услугите на Донарума била испратена понуда од Реал Мадрид. Имено, управата на „Кралскиот клуб“ е во потрага по замена за Кејлор Навас, а во младиот италијански голман на Милан тие ја гледаат неговата идеална замена, но и долгорочно решение за голманската позиција.

Засега нема коментар во врска со ова од страна на Милан, но со оглед на тоа што агент на Донарума е Мино Раиола, јасно е дека управата на „Росоњерите“ ќе има тешка задача во обидите да го задржи голманот на „Сан Сиро“.

Талентираниот Донарума има договор со Милан до идната сезона, но на маса има понуда за продолжување на договорот до 2020-та година и зголемување на неговата годишна плата на три милиони евра.


Спонозорирани линкови

Маркетинг