Рикардо: Ред Бул ќе биде прв, но не во Мелбурн

КРУГ.МК

16/03/2017

15:53

784

Големина на фонт

а а а

Иако Даниел Рикардо верува дека Ред Бул има потенцијал да биде најбрз тим на гридот, тој не е сигурен дека тоа ќе биде во Мелбурн.

Ред Бул не се покажа во најдобро светло на тестовите, а Верстапен беше подобар од двајцата возачи и ја завзема шестата позиција. Рикардо беше деветти.

Иако многумина веруваат дека Ферари и Мерцедес се тимовите кои треба да се победат, Рикардо верува дека тие ќе бидат на врвот но тоа нема да се случи на негов домашен терен.

„Се уште е рано да се каже. Не бевме најбрзи на тестирањата но тоа не значи дека нема да се подобриме. Можеме ли да бидеме најбрзи? Да. Но тоа нема да биде во Мелбурн. Мислам дека имаме добар баланс на болидот. Можеме да се подобриме и затоа сме тука. На тестирањето си реков дека болидот е добар и мислам дека ни е потребно работа. Само треба подобро да го разбереме болидот“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг