Камерата ги снимила последните моменти од нејзиниот живот, но и убиецот: Британка брутално силувана, убиена и осакатена на позната плажа

Точка

16/03/2017

20:00

10.437

Големина на фонт

а а а

Снимките од надзорните камери ги покажуваат последните моменти од животот на Британката Даниеле МекЛоглин, пред да биде брутално убиена и силувана во индискиот туристички ресор Гоа.


Даниеле на снимките носи торба и оди по една улица во Гоа, а зад неа има непознат маж. Во еден момент таа се врти, и го забележува мажот што ја следи.



Како што пишува Daily Mail, снимката била пронајдена кратко откако 28-годишната туристка била пронајдена мртва, на плажата Палолем. Убиецот сексуално ја злоставувал и ѝ го осакатил лицето со пивско шише.


За убиството бил осомничен 24-годишниот Викхат Багат, за кого полицијата вели дека е познат крадец.


Даниеле МекЛоглин пристигнала во Гоа на 23-ти февруари и првата седмица од престојот во Индија кампувала со пријателите на плажите во Агонда и Патнем. Во понеделникот навечер била на свеченост на плажата Палолем, инаку многу популарна меѓу туристите од Западот. Нејзиното тело го пронашол еден фармер на шест километри од плажата Дебаг во вторникот наутро. Имала смртоносни повреди на лицето и главата.


Полицијата го фатила Викхат Багат и тој наводно го признал убиството, велејќи дека на Даниеле по убиството и го осакатил лицето за да не може да се идентификува.


"Добивме информации од нашите извори дека 24-годишниот Викхат Багат, насилник од порано познат на полицијата во Гоа, бил виден со жртвата попладне и навечер. Уапсен е и испрашан и го признал силувањето и убиството", рекол началникот на полициската станица во Сангуем, Утам Раут Дасаи.


Даниеле МекЛоглин на 22-ри февруари објавила дека оди на авантуристичко патување во Гоа.


"Му благодарам на моето семејство и пријателите што секогаш се грижат за мене. Јас сум најсреќната личност на светот...Сега во нова авантура"


Нејзината мајка Андреа Браниган рекла дека Даниеле многу ќе и недостасува, додека 200 локалци и странци во Гоа се собрале за да и оддадат почит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг