Зидан откри кој тим сака да го избегне во четвртфиналето во ЛШ и сите ги изненади

Дерби

16/03/2017

14:23

1.919

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид доста уверливо се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, и на тој начин остана во игра за одбрана на титулата во најелитното фудбалско натпреварување кое лани го освои по 11-ти пат во историјата во финалето со Атлетико Мадрид.

Тимот на Зинедин Зидан и оваа година е еден од трите главни фаворити за освојување на најпрестижниот трофеј на клупско ниво, а пред утрешната четвртфиналната ждрепка, токму францускиот стручњак излезе со една неочекувана изјава за потенцијалниот противник во оваа рунда од натпреварувањето.

Зидан е свесен дека ниту еден тим кој обезбеди место меѓу најдобрите осум во Европа не може да биде лесен, но Зизу посебно потенцираше дека не го сака за противник Лестер кој во изминативе 20 месеци пишува една од најубавите бајки во историјата на фудбалот.

– Не верувам дека има тренер во светот кој сака да се соочи со Лестер. Така е случајот и со мене. Тие направија нешто што цел свет мислеше дека нема шанси да се случи. Многумина мислеа дека нема да издржат на врвот на Премиер лигата, но го направија тоа. Многумина мислеа дека немаат никаква шанса против Севилја, но направија пресврт. Против било кој противник да игра, Лестер ја нема улогата на фаворит, а тоа знае како да го искористи. Играат со страст и срце и затоа се многу опасни, – истакнал искрено Зидан во интервјуто за „Скај Спортс“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг