Бонучи ја посакува Барселона во четвртфиналето

Макфакс

16/03/2017

14:19

434

Големина на фонт

а а а

Најголемиот фаворит според УЕФА и обложвалниците за освојување на титулата во Лигата на шампионите, Барселона е тимот кој играчите на Јувентус го сакаат за противник во четвртфиналето.

Барселона пред две сезони го совлада Јувентус во финалето 3:1, голем дел од фудбалерите кои играа во финалето и понатаму се играчи на „старата дама“, посакуваат реванш во најскоро време, ако е можно во овосезонското четвртфинале.

„Влеговме меѓу најдобрите осум во Европа и сега е време да тргнеме со сите сили напред. Можеби многумина го посакуваат Лестер, најголемото изненадување во досегашниот тек од ЛШ, но јас лично повеќе би сакал да ја добиеме Барселона. Натпреварите против тимот која не порази во борбата за трофејот пред две години би биле силен мотив за нас“, изјавил за интернет порталот на Јувентус дефанзивецот Леонардо Бонучи.

„Би сакал да го избегнеме Баерн. Каде и да е тренер Карло Анчелоти наоѓа начин да победува на фудбалските натпревари, исто како и Пеп Гвардиола. Повеќе би сакал со Баерн да се сретнеме на само еден натпревар, во финалето, каде се е можно“, дополнил Бонучи.

Четвртфинале во Лигата на шампионите изборија Јувентус, Реал, Барселона, Атлетико, Баерн, Борусија, Монако и Лестер.

Двојките за четвртфиналето ќе бидат извлечени во петок во 12 часот, во Нион.


Спонозорирани линкови

Маркетинг