iOS 11 значи крај за над 200 илјади апликации?

Точка

16/03/2017

14:00

4.854

Големина на фонт

а а а

Новата верзија на оперативниот систем на Apple би можела да донесе огромни промени за девелоперите.

Компанијата од Купертино наскоро може да ги фрли во очај девелоперите на мобилни апликации кои што моментално „егзистираат“ од iOS мобилната платформа. Имено, во текот на следните месеци, се планира да биде претставен новиот iOS кој што би можел да има поддршка исклучиво за 64-битните апликации.


Веќе и сега се означени бројни апликации на AppStore со порака дека нема да работат на идните верзии на iOS. Познато е дека Apple ќе се фокусира во иднина исклучиво на 64 битните процесори, па iPhone 5S и сите постари модели веднаш испаѓаат од игра кога е во прашање надоградувањето на iOS 11.


Сепак, тоа ќе биде помал проблем, затоа што многу, многу поголем проблем ќе биде споменатата рефлексија на бројните девелопери и нивните апликации кои со претставувањето на iOS 11 би можеле да станат целосно неупотребливи.

Компанијата за аналитика Sensor Tower се потруди да извлече и конкретни бројки, па ако им се верува на нивните податоци - дури 187 илјади 32-битни апликации преку ноќ би можеле да исчезнат од AppStore во оној момент кога iOS 11 ќе го здогледа светлото на денот.


„Алтернативното“ решение во овој случај е, доколку неопходна ви е некоја 32-битна апликација, едноставно да не го апдејтирате iOS-от на вашиот Ајфон, но сепак тоа може да се каже дека е „привремено“ и не така добро решение.

Според аналитичарите, ова ќе претставува вистински кошмар за девелоперите кои што живеат од продажбата и развојот на своите апликации. Решението, секако е продукција на нови, 64-битни апликации, но тоа воопшто не е едноставна работа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг