И тоа се случи: Турците во знак на протест ги протераа и холандските крави

Точка

16/03/2017

15:00

1227

Големина на фонт

а а а

Дипломатската војна помеѓу Холандија и Турција настана поради одлуката на холандските власти да не им дозволи на турските министри да одржат предизборни собири во нивната земја.

Турското здружение на производители на црвено месо, деновиве одлучи во Холандија да врати 40 холандски Холстин крави во знак на протест на одлуката на холандските власти да не им дозволат на турските министри да присуствуваат на собирите за поддршка на референдумот во Турција со кој што Ердоган би требало да добие поголеми овластувања.


Булент Тунк, претседател на Турското здружение на производители на црвено месо, испрати соопштение до турскиот весник „Хуријет“ во кое што се објаснува потегот на здружението.


Тој порачал дека најпрвин вратиле во Холандија симболичен број на крави и доколку Холанѓаните не ги прифатат назад, тие ќе ги испратат во кланица, а потоа ќе го подарат нивното месо, пренесува руската новинска агенција "Russia Today".

За врем на дипломатскиот конфликт помеѓу Холандија и Турција, собранието на градот Истанбул го раскина „протоколот за збратимување“ на турскиот град со холандскиот град Ротердам.

Турците во понеделникот ги суспендираа дипломатските односи на високо ниво со Холандија, го протераа амбасадорот на таа земја и забранија слетување на авионите на холандските дипломати како одмазда на забраната на Холанѓаните турските министри да присустуваат на собирите во Холандија.


Инаку, холандските власти им забранија на неколку турски министри да присуствуваат на собирите за поддршка на референдумот кој што треба да му ги зголеми овластувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Меѓу другото, на авионот на турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу не му било дозволено да слета на холандска територија.

Холандските, како и германските власти забранија одржување на таквите собири поради, како што велат, причини поврзани со јавната безбедност. Турските власти на чело со претседателот Ердоган го осудија потегот и го поврзаа со нацизам.


Спонозорирани линкови

Маркетинг