Чавушоглу: Нема разлика меѓу Руте и Вилдерс, ја предупреди Европа на верски војни

Макфакс

16/03/2017

12:11

459

Големина на фонт

а а а

Турција денеска оцени дека нема разлики меѓу либералот Марк Руте и, кој речиси е сигурен победник на холандските парламентарни избори, и како што го нарекуваат „фашистот“ Геерт Вилдерс, а нејзиниот шеф на дипломатијата прорекува дека европскиот континент ќе го зафатат конфесионални судири.

„Гледајте, нема разлика меѓу социјалдемократот и фашистот Вилдерс, сето тоа е истиот менталитет“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе агенцијата Anadolu.

„На каде одите? На каде ја водите Европа? Започнавте да ја дезинтегрирате и ја водите кон амбисот“, им порача Чавушоглу на европските челници. „Наскоро во Европа ќе започнат верските војни“, смета шефот на турската дипломатија, според исиот извор.

Претходно во средата вечерта Чавушоглу се закани дека еднострано ќе го раскине договорот за мигрантите кој во март 2016 година го потпиша со Европската унија и кој досега овозможуваше значително намалувањето на мигрантите и бегалците кон западноевропските земји.

„Можеме еднострано да го раскинеме тој договор. Сé уште не ги известивме нашите (европски) соговорници, сето тоа е во нашите раце“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во интервјуто за телевизијата 24TV, во периодот кога владаат големи тензии со неколку членки на ЕУ, Германија, Австрија и Холандија, поради забраната за учество на турските политичари на собирите на турската дијаспора во нивните земји во кампањата за референдумот на 16-ти април, на кој ќе се гласа за уставни измени со кои ќе се прошират овластувањата на шефот на турската држава.

„Отсега можеме да кажеме ’повеќе нема да го применуваме (договорот) и ќе биде готово. Не ние потребно ничие одобрување“, додаде Чавушоглу..

Претходно во средата вечерта Чавушоглу се закани дека еднострано ќе го раскине договорот за мигрантите кој во март 2016 година го потпиша со Европската унија и кој досега овозможуваше значително намалувањето на мигрантите и бегалците кон западноевропските земји.

„Можеме еднострано да го раскинеме тој договор. Сé уште не ги известивме нашите (европски) соговорници, сето тоа е во нашите раце“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во интервјуто за телевизијата 24TV, во периодот кога владаат големи тензии со неколку членки на ЕУ, Германија, Австрија и Холандија, поради забраната за учество на турските политичари на собирите на турската дијаспора во нивните земји во кампањата за референдумот на 16-ти април, на кој ќе се гласа за уставни измени со кои ќе се прошират овластувањата на шефот на турската држава.

„Отсега можеме да кажеме ’повеќе нема да го применуваме (договорот) и ќе биде готово. Не ние потребно ничие одобрување“, додаде Чавушоглу.

Според првичните резултати коишто ги објави холандската новинска агенција ANP, Партијата за слобода и демократија (VVD) на премиерот Марк Руте добила 32 места во парламентот од 150 места, а крајно десната Партија на слободата на (PVV) на Геерт Вилдерс – 19 мандати.

Изборите во Холандија се одржаа во време на големи тензии со Турција, што всушност му помогна на Руте да биде победник откако претходно во анкетите заостануваше зад Вилдерс, по одлуката на холандските власти да не им дозволат влез во земјата на двајца турски министри и да присуствуваат на собирите во кампањата за референдумот во Турција, во обраќањата пред големата турска дијаспора.

На предлог на владејачката во Турција Партија на развојот и правото (AKP), на 16-ти април ќе се одржи референдум за уставни промени со коишто ќе се прошират овластувањата на претседателот на државата, што во Брисел се толкува како желба за зајакнување на власта на актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган за сметка на парламентот.

Покрај Холандија, забрана за присуство на турски официјални лица во овој период донесоа и Австрија, Швајцарија и Германија којашто Ердоган ја опиша како земја којашто ја продолжува „нацистичката практика“.

Германија ја има најголемата турска заедница надвор од Турција, околу 1,4 милиони Турци додека во Холандија живеат околу половина милион турски имигранти, и повеќето од нив и нивните деца имаат двојно државјанство и може да гласаат во двете земји.


Спонозорирани линкови

Маркетинг