Прашањето со кое нашиот син ни го спаси бракот

Точка

16/03/2017

12:03

4.965

Големина на фонт

а а а

Од разговорот кој го поттикна син ни на такво прашање сфативме дека не можеме да продолжиме веќе така. А знаете што всушност најмногу не фрустрираше? Не фрустрираше што и покрај гласниот дом и тесниот простор - сепак се чувствуваме многу осамени.

Понекогаш го живееме животот без да размислиме на каде не води, по кој пат одиме, дали имаме цел, или уште подобро - не сфаќаме дека лесно можеме да дојдеме до аголот зад кој не чека стапица на која не сме подготвени. Едноставно, живееме. Од ден за ден. Па што биде нека биде.


"Таа живеевме и ние", една мајка ја започна својата приказна.

"Минатата пролет, нашиот син кој има само шест години и јас сосема ноншалатно се загледавме во нашите девојчиња (имаме три мали ќеркички) па тој одеднаш, како гром од ведро небо ме праша - "Морам да се оженам кога ќе пораснам?!" ..Автоматски му одговорив - Не, можеш да правиш што сакаш и што и да одлучиш.

На што тој ми врати: "Ох, епа добро тогаш." Ова го кажа со големо олеснување во гласот и додаде дека не би сакал да се расправа постојано со некој."

Јас бев шокирана

- Тоа беше таков шок за мене што пребледев. Подоцна истата вечер го седнав на маса сопругот и му кажав што ме праша нашиот син. Факт е дека јас и сопругот постојано се каравме за секоја ситница наместо разумно со разговор и нежност да ја решиме. Мислам, такви не има многу. Постојано нешто не ни е по мерак. Немаме мир ниту една секунда. Дури ниту кога спиеме. Но не сме постојано лути еден на друг. Само сме нервозни. Кога му го раскажав ова и тој пребледе. Да, и двајцата сфативме што сакаше да ни каже тоа мало и невино дете. И потоа конечно се отворивме еден кон друг. Почнавме да зборуваме. Почнавме да зборуваме за се' што ни пречи кај другиот. Разговаравме отворено за нашиот брак и за се' што не мачи и во него и надвор од него. Во 14 години, колку што сме заедно, за прв пат се замислив како би било да не сме заедно. Факт е дека мојот сопруг цело време беше нетрпелив, лесно избувнуваше и се го нервираше, а најлесно му беше да ми се истури на мене - а всушност тој бил прилично мизерен и несреќен. Од друга страна, јас, како што вели тој а јас се согласувам со него, сум била премногу зафатена со сама себе и со децата за да би превземала билошто во врска со нашиот однос. Постојано сум била полна со бес и лутина и преретко сум имала време за него. Се разбира, помеѓу нас стојат 4 дечиња, но тие навистина не би требало да ни бидат изговор за лошиот брак. Баш напротив.

Со мојот сопруг започнавме да се гледаме кон крајот на средно училиште, тој беше мојата прва љубов, мојот најдобар пријател, моето се'. Бевме неразделни. Потоа стапивме во брак и едно по едно започнаа да доаѓаат дечињата - вкупно четири. Со секој нов ден и со секој нов тежок момент или проблем, а секако такви има премногу, ние се повеќе и повеќе се оддалечувавме еден од друг. Имаме поминато се' и сешто, најверојатно како и секое друго семејство - од болести на блиските, финанскиски подеми и падови, стресот од работа кој секој го носеше и дома, па дополнителните стресови низ дома - во полна куќа постојано некој има потреба од нешто, и сите имаме премногу различни емоции на дневна база со кои не е секогаш лесно да се справиш - а времето никогаш не стигнуваше за се'. Па така секој што ќе добиеше барем една слободна минута ја посветуваше на сам себе, а не на нас како двојка. Бевме глупави, морам така да се изразам, глупави бидејќи мислевме дека нашето некогашно пријателство и онаа љубов која ја чувствуваме како момче и девојка едноставно ќе остане помеѓу нас засекогаш. Како тоа да е нешто толку цврсто што сме го купиле многу одамна со гаранција па никогаш нема да се распадне колку и да не го негуваш.

Па ги започнавме секојдневните војни кои стануваа се погласни, се пожестоки, а нашите деца се повеќе изложени на нив. Гаранцијата реално никогаш не ни постоеше. И се до ова ударно прашање од нашиот син ние се напаѓевме еден со друг, а потоа секој во својата тишина плачеше. Се разбира, се обидувавме да го сокриеме ова од децата, но тие едноставно го чувствуваат нашиот однос, некогаш и не мораа да не слушнат за по нашето расположение да сфатат дека нешто не е во ред. Таа негативна атмосфера навлегла и во нивните малечки срца.

До овој разговор ние не знаевме како поинаку. Таа ноќ разговаравме долго време, без срам и бевме искрени еден кон друг. Си кажавме се' што ни тежи на душа. Постои уште нешто што го сфативме дури откако разговорот започна да тече - имаше уште толку многу работи кои ни се собирале и не мачеле, а за кои не сме биле ни свесни до тогаш. Меѓутоа, сфативме дека и покрај фактот што сега се смиривме, едноставно не смееме да продолжиме понатаму, а да не превземеме нешто во врска со ова бидејќи пак ќе се фатиме во вителот на истиот живот, истиот стрес и сигурно со тек на време нашата врска ќе пукне. Секако, за да функционираме повторно како пар ни требаше слободно време еден за друг, на страна од децата, па се договоривме да земеме еден ден од неделата и тој да биде само за нас двајца - договоривме "наш четврток". Секоја недела во четврток навечер некој доаѓа да ни ги припази децата (понекогаш баба им, понекогаш бебиситерка), а ние излегуваме надвор. И тоа мора да биде буквално секој четврток, секоја недела. Нема изговори и оправдувања.


Одиме на вечера, одиме на кино, одиме на пијалок во локалните барчиња, ќе се напиеме и ќе се опуштиме. Понекогаш само шетаме низ градот, а преку лето поминуваме долго време во паркот на клупа. И се смееме. Повторно се смееме како некогаш. И тоа не само на нашите состаноци. Опуштени сме и дома бидејќи ни се наполнети батериите и чувствуваме повторно љубов и нежност еден кон друг и речиси никогаш веќе не си префрламе.

Заедничките одлуки ги носиме заедно, со компромис. Впрочем, се што правиме сега го правиме многу порелаксирано, како тим. Сега сфативме дека не биле проблемите и децата тоа што не нервирало. Не фрустрирала близината на другиот исфрустриран партнер, партнерот кој беше премногу исфрустриран да превземе нешто, а тој партнер сме двајцата. А и двајцата постојано имавме очекувања од другиот. Двајцата буквално си 'ржевме еден на друг, па од толку 'ржење не можевме да зборуваме нормално.

Но најмногу од се што не нервираше е тоа што и покрај тесниот дом исполнет со дечиња и галама се чувствувавме премногу осамени.




Спонозорирани линкови

Маркетинг