Изетбеговиќ: Вучиќ носи преголем број на чевли, двајцата работиме на помирувањето на народите

Макфакс

16/03/2017

11:49

287

Големина на фонт

а а а

Бошњачкиот член на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, од состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан, што денеска се одржува во Сараево, очекува само добро, пренесуваат во четвртокот тамошните медиуми.

Во сегашната политичка ситуација, Изетбеговиќ смета дека српскиот премиер работи на добар начин.

„Но, со цел да се намалат тензиите од него очекувам уште повеќе“ рече Изетбеговиќ, додавајќи дека тој нема да се откаже од барањето за ревизија на пресудата од Хаг, со која Босна и Херцеговија ја тужи Србија за геноцид и извршени злосторства. Гостувајќи на Хајат телевизија, Изетбеговиќ изјави дека од премиерот Вучиќ очекува да поработи многу повеќе во смирувањето на претседателот на Република Српска Милорад Додик.

„Тоа не е доволно, тој само зборува, треба да направи нешто конкретно“, рече Изетбеговиќ.

„Ако зборуваме за мирот и стабилноста, тогаш тој треба (претседателот на РС Милорад Додик ) да го запре, кога тој покренува немири и создава нестабилност”, рече Изетбеговиќ, додавајќи дека „сепак во оваа ситуација, за смирување на тензиите, Вучиќ дејствува на добар начин“.

На прашањето со цел да се разберат подобро – дали Вучиќ му понудил „размена на чевли”, Изетбеговиќ одговори:

„За мене, тој носи малку преголем број на чевли. Но, мислам ние се знаеме долго време. Постои желба од моја и од негова страна интензивно да работиме на помирување меѓу двата народа. Многу работи нам ни излегоа од контрола”, го цитира Изетбеговиќ, Независне на новине.

Тој проценува дека пред земјите од Западен Балкан се „тешки предизвици”, но дека на средбата на премиерите во Сараево се очекува “само добро”, затоа што, како што вели Изетбеговиќ, на регионот му е потребен е дијалог и подобро разбирање.


Спонозорирани линкови

Маркетинг