Дрвени фасади нов квалитет и естетика во градежништвото

Точка

16/03/2017

11:12

3.654

Големина на фонт

а а а

Вообичаено кога ќе се спомне монтажна дрвена куќа, се помислува на нешто привремено, викендичка, летниковец, на објект од привремен карактер. Но искуствата од развиените западни земји го велат спротивното!

Таму луѓето преферираат дрвени градби во кои секојдневно би живееле. За среќа, овие трендови делумно се пренесуваат и кај нас, па често можеме да забележиме дрвени фасади на куќи или згради. Тоа е секако по препорака на архитекти и градежни инженери кои ги знаат градежните својства на дрвото, и пред се високата естетска вредност со која придонесува во изгледот на одреден објект.


Причините се повеќе.

Познато е дека дрвото важи за многу квалитетен изолатор, овозможувајќи одлична звучна и топлинска изолација. Дрвотото по обработката и поставувањето на ѕидовите се третираат со водоотпорни премази, ефикасно спречувајќи влага. Дрвените куќи можат да одолеат на ветар со брзина од 200 км/час, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност и при силни земјотреси и движење на земјиштето.


Дрвото е совршен градежен материјал во природна смисла, порозно е и дише, т.е. овозможува оптимална влажност и топлина, а температурата на дрвените трупци во внатрешноста секогаш е еднаква на температурата на воздухот во тие простории. Дрвото го спречува статичкиот електрицитет и циркулација на прашината во просториите.

А за фасадната употреба на дрвото последниве години кај нас голем придонес има компанија Гео-Инг.


Нејзините основачи кои по професија се инженери успееја нивното долгогодишно работно искуство во високо технолошки развиени германски фабрики да го пренесат и во Македонија. Овозможија германската технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, да биде достапна на нашиот пазар.

Тоа резултира да имаме објекти кои одлично се вклопуваат со околната природа. Објекти кои користат видови на дрво со одлични технички карактеристики како конструктивен материјал, кои се карактеризираат со висока густина, одлични јакосни својства, лесно се обработуваат и имаат димензиона стабилност, но исто така не треба да се заборави и нивната естетска вредност.


Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. А градењето со дрво е работа на Гео-Инг.




Спонозорирани линкови

Маркетинг