Меган Фокс: „Секс симбол“ не е нешто што ме навредува

Fashionel.mk

16/03/2017

10:57

2857

Големина на фонт

а а а

После само пет месеци по раѓањето на третото дете, Меган Фокс одлучи да биде заштитно лице на компанијата за долна облека „Frederick’s of Hollywood“, каде истовремено е и ко-сопственик.

Во новата кампања таа позира во провокативна и секси долна облека, а за „В“ магазинот откри дека паралелно работи и капсулна колекција со нејзин попис, која треба да биде лансирана кон крајот на годинава.



- Речиси целата моја кариера ја поминав во долна облека, па точно разбирам што значи и како треба да се носи, не само во интимните моменти, туку и кога е светската, јавна сцена во прашање. Знам што е потребно за жените истовремено да се чувствуваат и удобно и можно – објаснува Фокс.

Таа додава дека приклучувањето кон тимот на „Frederick’s of Hollywood“ ѝ отворило нови можности да се изрази.



- Пораснав во навистина религиозно семејство, конзервативно, па слободата на изразување не ми беше дозволувана во било кој контекст. А јас пак, секогаш бев многу бунтовна и се борев против тоа. Кога конечно се преселив во Лос Анџелес, имав 17 години. Можеби и помалку. Се сеќавам дека отидов во една продавница токму на овој бренд и бев многу возбудена, бидејќи имаа работи кои што јас никогаш ги немав или немав пристап до нив каде што живеев со моето семејство. Земав парчиња од кои што знаев дека на моите ќе им се крене „косата на глава“. Ги сакав најсексапилните парчиња што можеа да ги најдат и тоа беше за мене еден многу важен, еманципирачки момен – да можам со парите што сум ги заработила, да купам работи во кои што никој нема да може да ме види дека ги носам, но ги носев и се чувствував моќно – раскажува актерката.


Иако многумина веројатно мислат дека немала никаков проблем со самодовербата, сепак враќањето пред камера само пет месеци по породувањето, не било едноставно за неа.

-Пет месеци по раѓањето на бебе е секогаш предизвик затоа што, без разлика колку правилно сте се хранеле или вежбале или сте се грижеле за себе и телото, низ вас поминало и излегло човечко суштество и работите не можат никогаш да бидат исти како претходно. Кога отидов на снимање, бев малку загрижена. Но, кога ги видов парчињата, си реков дека вредат и дека треба да си го ценам телото. Пред тоа не сум носела таков тип на долна облека, па кога се погледнав во огледало, фактот дека изгледам така како што изгледам после породување ми беше вистинско чудо. Бев благодарна, ми даде поттик и самодоверба. Како жени, мислам дека имаме отпор кон вакви работи, но можеби облекувањето секси долна облека после таков чин е она што ни е потребно, можеби ќе се изненадиме себеси и од нашите тела – смета Меган.


Отсекогаш била сметана за „секс симбол“, назив што вели, никогаш не ѝ пречел.

„Секс симбол“ не е нешто што ме навредува. Ако луѓето ме поврзуваат со пин-ап девојка или секс симбол, тоа за мене не е нешто деградирачки. Сметам дека да бидеш секси и да се чувствуваш убаво и удобно во своето тело е нешто прекрасно, така што таквото препознавање или почитување не ми пречи. Знам за што сум способна. Знам дека сум прилично умна девојка, бистра сум и сметам дека секси појавата ме прави само уште помоќна како човечко битие – вели за крај актерката.



Спонозорирани линкови

Маркетинг