Зошто Турција од Русија ќе го купи еден од најдобрите против-воздушни системи на светот?

Точка

16/03/2017

12:41

2.749

Големина на фонт

а а а

Аналитичарите сметаат дека на НАТО и на Вашингтон не им се брзало да им помогнат на Турците во создавањето на ракетната одбрана, па затоа Анкара се свртила кон Русија.

Турција размислува за купување на рускиот против-воздушен ракетен систем „С-400 Триумф“, кој што е еден од најдобрите против-воздушни системи на светот. Политичкиот аналитичар Хасан Али Карасар за руски „Спутник“ објаснува дека Анкара се интересира за С-400 затоа што моментално користи застарена технологија.


„Турција има потреба за против-воздушен ракетен систем со долг домет уште од времето кога во 1990-та година Ирак изврши инвазија на Кувајт. Поминаа 27 години откако Турција побара од САД да го купи ракетниот систем „Патриот“. Цело време Анкара чекаше од своите сојузници во НАТО да добие ракетен систем“, изјави Карасар.

Во меѓувреме, Анкара била приморана да разгледува други можности, вклучувајќи ја и можноста за купување на ПВО системот „С-400 Триумф“ кој што е способен за пресретнување на сите типови модерно оружје.


Рускиот ПВО систем е способен да ја пресретне дури и петтата генерација на борбени авиони, како и балистички и крстосувачки ракети со домет од околу 400 километри.

Извршниот директор на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, изјави дека Анкара е подготвена да го купи против-воздушниот ракетен систем доколку Русија им овозможи заем.

„Се надевам дека тој процес успешно ќе заврши затоа што Турција за заштита на својот воздушен простор користи застарени системи од времето на Втората светска војна“, изјави Чемезов и додаде дека Русија и Турција можат да воспостават блиска соработка на полето на воената опрема.


Против-водздушниот ракетен систем „С-400“ е во употреба од 2007-ма година, а се проценува дека една единица чини околу 400 милиони долари.

Претходно кружеа гласини дека Русија веќе потпишала договор за продажба на овие системи на Кина и Индија, а како потенцијални купувачи на напредниот ПВО систем се споменуваат и Ерменија, Белорусија, Египет, Иран, Казахстан, Саудиска Арабија и Виетнам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.