Пејачот Ед Ширан ќе настапи во седмата сезона на „Игра на тронови“

Точка

15/03/2017

20:36

1.876

Големина на фонт

а а а

Светски популарниот пејач Ед Ширан, ќе има мала улога во седмата сезона од серијата. Продуцентите Дејвид Бениоф и Ден Вејс веќе некое време се обидувале да го убедат да му се приклучи на тимот.

Продуцентите на најпопуларната серија во светот „Игра на тронови“ конечно се огласија и изнесоа уште неколку детали за новата сезона од серијата. Најважната новост е таа дека Ед Ширан ќе има мала улога во седмата сезона.


Дејвид Бениоф и Ден Вејс, главните и одговорните за серијата, изјавиле дека веќе некое време се обидувале да го убедат да им се придружи на своите претходници кои имаа епизодни улоги (Coldplay, Mastodon, Of Monsters and Men, Sigur Ros), а дури неодамна успеале да го убедат. И самиот пејач ја потврди таа вест преку Твитер.


Освен оваа вест, продуцентите потврдиле и дека последната сезона од серијата ќе има само шест епизоди, што ќе ја направи најкратката сезона од серијата. За потсетување, седмата сезона ќе има само седум епизоди, што значи дека до самиот крај на серијата ни остануваат уште 13 епизоди, наместо очекуваните 20 кога секоја сезона би ги имала вообичаените 10 епизоди.



Иако сме навикнати серијата да ја гледаме во средината на пролетта, овој пат тоа нема да биде така. Серијата ни доаѓа во недела, на 16-ти јули, за гледачите кои ќе ја гледаат американската премиера, а во понеделник на 17-ти јули за европската публика. Самите продуценти го објасниле тоа со климатските промени.

„Пристигнуваме подоцна бидејќи на крајот на оваа сезона „Доаѓа зимата“, што значи дека топлото време на снимањето ни ги наруши плановите“, рекле продуцентите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг