Амбасадорот на САД ги повика властите во Приштина да запрат со формирањето војска

Макфакс

15/03/2017

18:04

1.188

Големина на фонт

а а а

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави во среда категорично побара од косовските власти да ја запрат процедурата за формирање на Војска на Косово, оценувајќи дека таа процедура е неприфатлива, иако повтори дека неговата земја се залага за основање на ваква војска.

Во интервјуто за порталот Insajderi.com Делави рече дека САД долго работеле на тоа Косово да има војска, но преку уставни промени и во консултација со сите заедници.

Тој додаде дека бил изненаден од предлогот на претседателот на Косово Хашим Тачи за измени на Предлог законот на Безбедносните сили на Косово(БСК), што уште повеќе го разочарало, имајќи ги предвид определбите на САД да ги изградат сегашните капацитети на БСК.

Делави ги отфрли изјавите на Тачи и на претседателот на косовското Собрание кадри Весељи, дека процесот на трансформација се одвива во целосна координација со партнерите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг