Зад грбот на Кејт Мидлтон: Британските медиуми го разоткрија принцот – Еве која е русокосата со која се забавувал на скијање

Точка

15/03/2017

19:33

10.808

Големина на фонт

а а а

Принцот Вилијам се упатил на скијање со своето машко друштво, а таму уживал во друштвото на убава манекенка.

Принцот Вилијам одлучил да „избега“ од кралските должности и малку да се забавува со своите пријатели. Но, се чини дека на момците сепак им недостасувало женско друштво, па принцот бил виден како ужива пиејќи пијалоци со убава австралиска манекенка за време на неговиот одмор на скијање, додека остатокот од кралското семејство останал дома и им се посветил на своите кралски должности и обврски.


Принцот Вилијам дома ја оставил сопругата Кејт Мидлтон и нивните две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, а додека тие го чекале да се врати дома, 34-годишниот принц уживал во швајцарски ски – центар, каде што бил виден на пијалок со австралискиот модел Софи Тејлор.


Атрактивната 24 – годишна менекенка и нејзината пријателка му се придружиле да идниот крал за време на неговата посета на ресторан, каде што биле видени сите заедно како добро се забавуваат.


Британската јавност веднаш ја заинтригира убавата манекенка, па така дознале дека работи во локален ноќен клуб и дека претходно работела во една австралиска модна агенција, но се чини дека моментално нема ангажман.


Софи е во врска со Арон Гудфелоу, за кого тврди дека е „љубовта на нејзиниот живот“. Сепак, тој не бил на дружбата со принцот, а како што тврделе очевидци, на Вилијам, Софи и нејзината пријателка им се придружиле двајца добри пријатели на Вилијам. А, што ќе каже на тоа Кејт?



Спонзорирани линкови

Маркетинг