Порно актер ги открил ужасните последици кои снимањето на порно филмови ги оставило врз неговата машкост

Точка

15/03/2017

18:32

14.902

Големина на фонт

а а а

Поранешниот порно актер Кристофер Зеишег, познат под порно името Дени Вајлд, одлучил јавно да проговори за последиците кои ги оставила работата во порно индустријата врз неговото здравје. Имено, поради предозирање со лекови наменети за постигнување ерекција завршил во болница.

Во порно филмови глумел 10 години, а може да се види во повеќе од 600 сцени и со мажи и со жени. За само шест дена работа заработувал повеќе од 3000 долари, а единствениот проблем му биле осудите на окружувањето. Иако на почетокот неговото семејство не било задоволно од неговиот избор на кариера, ситуацијата драстично се влошила откако одлучил да глуми и во стрејт и во геј порно филмови.


Тогаш се нашол во проблеми и на работа, бидејќи тимот од стрејт порно филмовите не гледале благонаклоно на фактот дека актерите во геј филмови не мораат да одат на редовни тестирања. На крајот, Дени завршил во болница со дијагноза на пријапизам, односно продолжена ерекција, поради неговата зависност од лекови против еректилна дисфункција.


„Во текот на осум години од мојата кариера, три пати завршив на Брза помош, секој пат поради пријапизам. После третиот пат, докторот ми рече дека ќе доживеам трајни проблеми ако продолжам да ги користам лековите. На пример, ткивото во пенисот може да се оштети, што ќе доведе до импотенција. Престанав да глумам во порно филмови веќе следниот ден. Не мислев дека имам здравствени проблеми, не чувствував нус појави откако престанав да ги земам лековите, но денес верувам дека при крајот на мојата кариера бев зависен од лекот против еректилна дисфункција“, рескажал Дени за „The Independent”.

Иако, како млад маж во 20-тите години немал потреба да користи такви лекови, почнал да ги конзумира поради страв од настапот пред камерите.


„Не сакав да ги разочарам партнерите, не сакав да мислат дека не сум вистинска порно ѕвезда во кревет“, рекол тој.

Сега кога повеќе не е во порно индустријата, сака да се занимава со филмска и видео продукција, а признава дека по прекинувањето на кариерата на порно ѕвезда се чувствувал несигурен во себе и во својата сексуалност.


Спонозорирани линкови

Маркетинг