Овие градови изгледаат како да не се од ова време

Точка

15/03/2017

17:51

4.928

Големина на фонт

а а а

Ако Торонто е модерен, што да се каже тогаш за Абу Даби? Се нижат облакодери секој помодерен од претходниот, а големиот музеј Гугенхајм наскоро ќе го претвори градот во културна престолнина.

7. Хотел на дрво, Харадс, Шведска


Тука станува збор за еден од најнеобичните хотели на светот. Имено, коцките во шумата се сместени на стебла и изгледаат футуристички. Во околината можете да уживате во возење со кајак, да јавате, да возите велосипед и да уживате во поларната светлина.

6. Пештерата Polignano a Mare, Италија


Главната атракција во ова место е ресторанот во карпа. Тука можете да уживате во модерна храна и вкусно вино, а ова е еден од најдобрите примери како да го вклучите модерното во природа.

5. Олимписко село, Стокхолм, Шведска


Изградено било за ОИ 2004, кое Швеѓаните на крајот сепак не го организирале. Наместо олимпиското село, овој комплекс станал еден од најдобрите примери за еколошки освестена архитектура. Греењето на водата доаѓа од соларна енергија, а секој дом има соба за рециклирање. Исто така, во населбата протекуваат канали и на секој чекор има паркови...

4. Торонто, Канада


Во последните години во овој град се изградени многу иновативни и модерни градби. Високи, сјајни и импресивни, тие му дале на градот футуристички изглед, а и CN Tower се` уште е највисока градба во западната хемисфера.

3. Абу Даби, ОАЕ


Ако Торонто е модерен, што да се каже тогаш за Абу Даби? Се нижат облакодери секој помодерен од претходниот, а големиот музеј Гугенхајм наскоро ќе го претвори градот во културна престолнина.

2. Дубаи, ОАЕ


Уште почудесен од претходникот, Дубаи не само што има многу облакодери, туку има и вештачки острови. Но, тука најважен е облакодерот Бурџ Калифа, кој расте 829.8 метри во воздух и со тоа ја носи титулата на највисок светски облакодер. Дубаи на сликите изгледа богато и раскошно, но кога ќе појдете таму, ќе се изненадите од тоа колку е навистина така.

1. Токио, Јапонија


Од култура до технологија, Токио отсекогаш бил пред своето време. Најдобрите уметници се натпреваруваат тука да одржат изложба, а градот има и најголем број на ресторани оценети со Мишелинова ѕвезда. А, да не зборуваме за технолошките иновации, од воз кој се движи со речиси 400 километри на час, преку апарати кои погодуваат кој пијалок го сакате, па се` до автоматски тоалети.


Спонозорирани линкови

Маркетинг