Едо Маајка се враќа на сцената: "Прилично сме болни кога сме заљубени, ужасно сум љубоморен!"

Точка

15/03/2017

15:59

1.957

Големина на фонт

а а а

Едо Маајка се врати на сцената прилично јасно и гласно. Со новата песна најавува музички пресврт. Тој открива и како живее неговото семејство.

Едо Маајка со новата песна "Ne mogu disat" ("Не можам да дишам") го најавува музичкиот пресврт, а на нам ни се чини дека станува збор за голем албум во изработка. Но покрај музиката, со Маја Перица има уште многу заеднички работи. Дознаваме кој всушност му го диктира темпото на живот, зошто е крајно љубоморен и што се прави за семејството.


"Имам долга кариера како хипохондрик и тежок човек па така тие моменти кога "Не можам да дишам" ги имам долго време, во суштина секој човек кој е малку поемотивен има слични проблеми" - раскажува Едо Маајка.

"Ne mogu disat" е љубовна песна со која Едо Маајка се враќа на сцената. Темата на песната е за зависноста од луѓето за што и самиот кажува дека не е во ред, но признава дека и тоа како е зависен од својата сопруга Лила.



"Кај мене ништо не е "како по книга", моите деца врискаат на полноќ и ме фаќа срам од соседите, јас и мојата жена често се караме но после 10 минути повторно сме во прегратка, важно е човек да е свесен дека е со некој кого навистина го сака и со кој сака да го помине животот. Јас сум луд по неа .... Ние сме прилично болни во таа љубов, јас и Лила, јас сум ужасно љубоморен лик, а исто и таа - но добро е што сфативме некои работи па добро ни е и кога сме такви, на некои луѓе таквите врски им се ср*ње, но мене ми е супер", открива тој за својата сопруга.


Пред пет години поради љубов тој се пресели во Израел, а сега мирот покрај своите три девојки го наоѓа на адреса во Загреб. Се преселил најмногу поради својата девојка, која како што кажува, му го диктира темпото на живот. Сепак, времето за работа си го бара секојдневно. Во подготовка се повеќе песни, а во една од нив повторно ќе употреби доза на фолк музика.


"Песната "Odlazim i dolazim" е толку болна што ако се обидуваш да го објаснуваш балканскиот менталитет ќе мора да има фолк рефрен, ниту еден друг не би одговарал", раскажува. Иако некогаш од фолк му се крева косата на глава, вели дека и со тоа ќе се справи некако. А за своето семејство вели дека би направил буквално се': "Би изел г*мно, би свирел по свадби, се би направил, би носел гајби, би им ги чистел г*мната на другите.."



Спонозорирани линкови

Маркетинг