После 17 години изгледа исто: Џенифер Анистон ја платила оваа астрономска сума за да остане вечно млада

Точка

15/03/2017

17:10

7.967

Големина на фонт

а а а

Ретко кој на прв поглед би поверувал дека разликата помеѓу овие две фотографии е неверојатни 17 години! Се` е исто – црниот фустан со длабоко деколте, бронзениот тен, светлата коса.. Она во кое успеала Џенифер Анистон (48) е сон на сите жени, но овој младолик изглед ѓаволски чини...


Ако и самите сакате да го испробате рецептот на Анистон за вечна младост, подгответе поголема сума на пари...

Исхрана – Околу 19.000 евра годишно

Пред „Пријатели“ и пред славата, Џен била доста покрупна. Дури во една прилика признала дека агентот и` рекол дека нема да добие улога бидејќи е полничка.

Во доцните 90-ти години Џенифер почнала да ја практикува Аткинсовата диета и станала најголемиот клиент на компанијата „Diet Designs“ која прави достава на балансирани и здрави оброци.

Велат дека и понатаму ужива во овие оброци, а за тој луксуз одвојува 360 евра неделно.


Лице – Околу 7.000 евра

Тој вечен свеж изглед на лицето не е евтин, и не се добива лесно. Џенифер го испробала речиси секој луксузен третман на лицето и тоа се познава.

Уште од 2000 година, негата на нејзиното лице е многу сериозна и скапа. На почетокот користела креми богати со алфа хидрокси киселини, а сега користи ласерски третмани на лицето кои на нехируршки начин го затегнуваат лицето.

Нозе – Околу 44.000 евра годишно

Џенифер е вистински фитнес фанатик. Вежба шест пати неделно во својата огромна куќа на Беверли Хилс. Од тоа, три тренинзи поминува со тренерот Менди Ингбер, а тоа ја чини повеќе од 800 евра неделно.

Коса – Околу 8.000 евра

Најдобриот пријател на Џенифер Анистон е токму нејзиниот фризер Крис Мекмилан кој е задолжен за нејзината препознатлива фризура уште од 1994 година и шишањето го наплаќа околу 500 евра. Што се однесува до бојата, за неа е задолжен Мајкл Канале кој наплаќа околу 400 евра по фарбање. Џенифер ги посетува и едниот и другиот фризер на секои шест недели.


Шминка – Околу 800 евра месечно

Нејзината дневна шминка е многу скромна – „Шанел“ маскара (30) евра и коректор (30 евра), „Laura Mercier“ тонирана крема (40 евра), а кога треба посилно покривање користи пудра од „Армани“ која чини 45 евра.

Исто така користи и „Hauschka“ балзам за усни (10 евра) и „Шанел“ пудра во прав (36 евра), што значи дека и` требаат речиси 200 евра за да излезе од дома.

Веѓи – Повеќе од 800 евра годишно

Секогаш беспрекорната Џенифер вложува доста пари во своите веѓи. За нив веќе со години се грижи славната холивудска козметичарка Анастасија Соаре, чии клиенти се и Ким Кардашијан и Викторија Бекам, а еден третман чини околу 70 евра.


Тен – Околу 2.200 евра годишно

Веќе со децении Џенифер го избегнува сонцето и одржува вештачки тен за кој е задолжен еден салон во Западен Холивуд. На прскање оди еднаш неделно, а една посета чини околу 40 долари.

Врат – Околу 420 евра

Ниедна жена која ги прегазила 40-тите години не го сака својот врат, а ниту Џенифер не е исклучок. Таа се колне во “Euoko Fractional Neck Lift Concentrate” за подигнување на вратот кој чини околу 420 евра. Една тегла трае околу една година.

Нос – Околу 23.000 евра

Џенифер потврди дека два пати одела кај пластичен хирург за да го среди носот. Првиот пат пред „Пријатели“ и вториот во 2008 година баш во времето на разводот од Бред Пит и неговото неверство со Анџелина.


Гради – Околу 6.000 евра

Дали ги оперирала градите или не? Имаше многу шпекулации, но Џенифер ги нема потврдено. Како и да е, холивудскиот пластичен хирург Зара Харутинуан рекол минатото лето дека мисли оти Џенифер направила мастопексија, процедура која ги подигнува и зацврстува градите, но не ги зголемува.

Таква операција чини околу 6.000 евра.

Годишна сума – околу 82.000 евра.

Растојанието помеѓу двете фотографии од почетокот на текстот е 17 години, и така добиваме... финална сума од 1.5 милиони евра.


Спонозорирани линкови

Маркетинг