Лауда: Розберг нема да се врати

КРУГ.МК

15/03/2017

17:30

1014

Големина на фонт

а а а

Неизвршниот претседател на Мерцедес, Ники Лауда, беше најразочаран од одлуката за повлекување на актуелниот првак Нико Розберг, но деновиве изјавува дека се помирил со одлуката на Германецот.

Ники го има направено истото за време на Кандското ГП во 1979 година кога за време на една од тренинг сесиите сватил дека не сака повеќе да се врти во кругови и го напуштил спортот на три трки пред крајот на сезоната.

„Во моја одбрана можам да кажам дека во мое време барем еден возач умираше секоја година и имавме многу поинаков пристап кон спортот. Тогаш беше нешто посебно да се биде Формула 1 возач и секогаш горевме од желба да ја браниме титулата и никогаш не би се откажале од тоа“, го појасни Лауда периодот во кој тој се тркаше во Формула 1.

Австриецот бил лут на Розберг поради тоа што новокрунисаниот првак воопшто не мислел на екипата што му овозможи да биде првак и што остава зад себе во Бракли.

„Имаме 1.200 вработени, а на него му дадовме шанса да биде првак со фантастичен болид, а потоа, кога ја оствари својата цел ни кажува дека сака да се пензионира.

Од перспектива на еден возач го разбирам тоа што тој го направи, но од перспектива на одговорност, тоа беше огромно изненадување за мене.

Да бидам искрен ме изненади. Да сакав јас да престанам, јас би паузирал некое време за да уживам во семејството како што треба. Не сметам дека некогаш ќе се врати и мислам дека му е убаво да остане дома“.

Како дел од своите промотивни активности закажани за оваа сезона, Нико Розберг се појави кратко еден ден на првата недела од предсезонските тестирања во Барселона.


Спонозорирани линкови

Маркетинг