Агрегатот на Ферари е голем чекор напред

КРУГ.МК

15/03/2017

15:21

930

Големина на фонт

а а а

Според тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, напредокот на Ферари со нивниот агрегат е голем чекор напред во споредба со 2016 година.

Вниманието беше свртено кон Ферари во текот на тестовите во Барселона, откако италијанската екипа постави неколку брзи кругови, кулминирајќи со рекордот поставен од Кими Раиконен, 1:18.634, притоа користејќи ја суперсофт компонентата.

Ферари исто така го снабдуваат тимот на Хаас со овогодинешна спецификација на агрегат, додека Заубер го користи агрегатот од минатата сезона. Стаинер забележал значителни подобрувања во текот на осумте денови од тестирање.

„Не ми можел да кажам процентуално, бидејќи не ги знам бројките на Ферари од аеродинамиката, но нашиот мотор е идентичен. Сметам дека моторот е огромен чекор напред од минатата година, но болидот на Ферари севкупно е многу добар.

Би рекол дека агрегатот моментално е нашиот најмал проблем“, изјави Стаинер.

Роман Гросжан исто така се приклучи на пофалбите насочеки кон Скудерија и нивниот напор преку зимскиот период.

„Не се жалам за моторот на Ферари. Прилично е добар. Голем чекор напред од минатата сезона. Партнерството со Ферари за нас е клучна состојка. Имаме добар мотор, добра менувачка кутија, добра суспензија. Тие елементи имаат големо влијание над нашите перформанси“, изјави Гросжан.


Спонозорирани линкови

Маркетинг