Баша: Рама потрошил 500 милиони евра за фасадни проекти и реформи

Макфакс

15/03/2017

14:46

525

Големина на фонт

а а а

Претседателот на опозициската албанска Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека целата влада на чело со премиерот Еди Рама е како фасада, “Потрошени се 500 милиони евра за фасадни проекти и реформи”, пренесе во средата Albanian Daily News.

“Фасада – е тоа е оваа влада. Економијата на земјата е уништена, земјоделство едвај постои. Фасадна демократија, фасаден парламент, фасадно управување и сега сакаат само фасадни избори “, рече Баша. Тој го обвини премиерот Еди Рама дека плаќал големи суми пари на непознати лица во замена на тие да водат пропаганда за владата.

“Обилно количество на пари му беше дадено на поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер за пропаганда изразена во корист на Рама. Парите на даночните обврзници беа користени за презентација на фасаднитеа реформи на Еди Рама. Но, Фасадата ќе падне, бидејќи граѓаните веќе ја преземат во свои раце својата иднина“, убеден е опозиционер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг