TAG Heuer го претстави првиот модуларен паметен часовник

Точка

15/03/2017

14:41

5.226

Големина на фонт

а а а

Еден од најпрестижните брендови кога се во прашање часовниците - TAG Heuer го претстави својот прв модел на модуларен паметен часовник.

Кога пред две години TAG Heuer го лансираше својот прв паметен часовник, оваа компанија го заслужи епитетот и титулата за произведувач на најскапиот паметен часовник на светот. Цената од 1800 долари за паметен часовник со Андроид секако не е наменета за „широките народни маси“, иако е јасно дека TAG Heuer секако не спаѓа во таа категорија.

Тука, зборувме за бренд кој што е синоним за луксуз, квалитет и статусен симбол кој што не може да си го дозволи баш секој. Сега дојде времето за претставување на новиот паметен часовник кој што освен дефинитивно прекрасниот изглед, на пазарот носи нешто ново кога се во прашање паметните часовници.

TAG Heuer Connected Modular 45 е првиот паметен часовник во таканаречената Android Wear понуда - овој паметен телефон нуди можност за речиси целосна персонализација, па тие кои што ја сакаат уникатноста, дефинитивно ќе го ценат ваквиот потег на TAG Heuer.


Почетната цена е 1600 долари, а модуларноста овоможува да изберете најразлични комбинации. Почетокот е 11 различни модели и дизајнерски додатоци кои што можете да ги комбинирате со најразлични ремчиња. Ако и тоа не ви е доволно, TAG Heuer има подготвено 45 напредни опции кои што ќе ви овозможат да изберете некои од таканаречените „премиум материјали“ при креирањето на часовникот.

Но, ниту тука не е крајот, затоа што ако ги земете во предвид 56-те различни дизајни на „пакетот“, тогаш од TAG Heuer тврдат дека имате можност за „играње“ со дури 500 комбинации.



Спонозорирани линкови

Маркетинг