Ова се актерите од легендарниот упад на сериозното интервју

Точка

15/03/2017

13:49

3.487

Големина на фонт

а а а

Неколку дена откако станал ѕвезда на социјалните мрежи, Роберт Кели дал интервју во кое ја коментирал ситуацијата кога семејството му влетало во кадар додека зборувал за отповикот на јужнокорејската претседателка.

Сигурно се сеќавате на ситуацијата, 4-годишната Мерион, додека нејзиниот татко зборувал на "Skype" за BBC, влетува во собата, а по неа и 8-месечниот брат. Работата подоцна ја ублажува нивната мајка Ким, но предоцна.

"Кога се отвори вратата, го видов нејзиното лице на мојот екран", се потсетува Кели на влегувањето на ќерката и нагласува дека помислил дека BBC можеби ќе го префрли кадарот на некој друг.

Но, тоа не се случило. Мерион седнала на креветот до својот татко, а во тој момент во собата влегол и нејзиниот брат Џејмс.

"Тогаш сфатив дека сè е готово", рекол професор Кели за BBC, пренесува Sputnik.

Во херојскиот обид да ја спаси работата, мајката на децата влетала во собата, ги зграбила, а потоа ползела со нив, обидувајќи се да ја избегне камерата.



Објаснила дека поради доцнењето на снимката во преносот од неколку секунди, не видела дека децата влетале во собата.

Видеото било прегледано повеќе од 84 милиони пати на страната на "BBC" на Фејсбук, а го пренеле и медиуми од целиот свет.

Кели и неговата сопруга веднаш помислиле дека повеќе никогаш нема да го контактираат од телевизија, дека оставил лош впечаток, па веднаш напишал извинување до "BBC". Сепак, за 15 минути го замолиле да го објават видеото на интернет. Парот прво ги одбил, бидејќи им било непријатно што луѓето ќе се смеат, но на крајот ги увериле дека видеото само ќе покаже како функционира едно нормално семејство.

И тогаш почнало...Нивните социјални мрежи за малку ќе експлодирале, телефоните ѕвонеле, а добиле и голем број на мејлови. На крајот дале интервју за Wall Street Journal, и тоа од нивниот дом, со децата во скут.

"Мислам дека сè испадна неверојатно слатко. Ја погледнав снимката подоцна како и сите. Мојата жена ја "зачисти работата" најдобро што можеше. Беше смешно. Но, тоа се мали деца и така оди тоа со нив", заклучил Кели, кој поради малата грешка на неговото семејство станал вистинска ѕвезда.


Спонозорирани линкови

Маркетинг