Србија започнува со сериско производство на новите оклопни возила “Милош” и “Лазар 3”

Макфакс

15/03/2017

13:14

1.053

Големина на фонт

а а а

Србија започнува со сериско производство на новите оклопни борбени возила “Милош” и “Лазар 3”, објавија во средата српските медиуми. Новите борбени возила ќе се произведуваат во фабриката “Сложени борбени системи” во градот Велика Плана, во Централна Србија.

Според белградските медиуми новите оклопни средства ќе го решат долгогодишен проблем на вооружените сили. Весниците посочуваат дека уште до крајот на годината српската војска ќе добие 12 оклопни возила “Лазар 3”, додека првите примероци од оклопните транспортери “Милош” ќе бидат предадени на српската полиција.

Белградска “Правда” ја дополнува информацијата со карактеристиките на оклопните возила кои според експертите од Воено-техничкиот институт се одликуваат со поголема брзина и посигурни средства за заштита на лицата.

Весникот додава дека до крајот на годинава српската армија ќе добие нови артилериските орудија односно ќе се вооружат со 155 мм.хаубици “Нора”, како и со системот за ракетен оган “Морава”, која ги помина сите тестови во центрите за техничка подготовка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг