Анализа на DW: Сите опции завршуваат кај Иванов

Макфакс

15/03/2017

13:27

3.563

Големина на фонт

а а а

И да се избере претседател на парламентот, Влада не ќе може да се формира ако претседателот на државата и натаму не го дава мандатот, пишува во анализата на DW објавена денеска. Истиот извор посочува дека е можна нова дипломатска активност за деблокирање на демократските процеси во Македонија.

Аналитичарот констатира дека собраниска седница ќе може да се одржи ако партиите кои имаат свои претставници во парламентот предложат кандидати за членови на Комисијата избори и именување.

„Но, и ако се избере претседател на парламентот, влада не ќе може да се формира ако претседателот на државата и натаму не го дава мандатот. Во ваков јазол е „врзана“ можноста за излез од тензичното статус-кво во кое се наоѓа Македонија, четири месеци по одржувањето на предвремените парламентарни избори„, се посочува во анализата.


Шефот на државата, пред два дена соопшти дека и натаму не се отстранети пречките за да го даде мандатот, а како што јавуваат азербејџански медиуми, Иванов утре и задутре е во Баку, каде што треба да учествува на Глобалниот форум „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“, заедно со претседателите на Албанија, Црна Гора и Летонија.

Нетранспарентниот однос на Кабинетот за неговите евентуални патувања во вителот на институционалната и политичка криза во земјата, ги зголемија критиките на адресата на Иванов, со оглед на тоа што сè уште не е избран претседател на Собранието, кој според Уставот го заменува претседателот во негово отсуство.

Анализата може да ја прочитате на овој ОВДЕ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг