Бугарија очекува нов бран на мигранти од Турција

Макфакс

15/03/2017

11:46

390

Големина на фонт

а а а

Премиерот на бугарската техничка влада Огњан Герџиков изјави во средата дека се донесени дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста на бугарската граница со Турција. Според него, ова е направено поради очекуваниот прилив на мигранти чиј бран се очекува во наредните денови, пренесува БТА.

Бугарската агенција посочува дека за таа цел Герџиков се состанал со министер за внатрешни работи и шефовите на Државната агенција за национална безбедност и специјалните служби.


Спонозорирани линкови

Маркетинг