Анџелина Џоли како професор при посетата во Лондонската школа за економија, им предава на студентите за "Жени, Мир и Безбедност"

Точка

15/03/2017

11:15

1.662

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда, активист и хуманитарец Анџелина Џоли, беше пофалена од студентите по нејзиниот прв настап како предавач.

Актерката и режисерка разговараше со студентите на постдипломските студии за Жени, Мир и Безбедност во Лондонската школа за економија.

Од универзитетот изјавија дека таа зборувала за нејзиното искуство и што ја мотивирало да работи како специјален претставник на OН.


Студентката Дазен Танани објавила пост на Твитер дека Џоли предавала "прекрасно", додека Алана Фостер нејзиното предавање го опишала како "неверојатна лекција"..

Дазен додала: "Таа е неверојатна професорка на посета. Ми претставува голема чест да го слушам нејзиното предавање на LSE за сексуално насилство, силување и работата со имигранти."


Ѕвездата исто така одговарала на прашања од студентите.

Професорката Кристин Чинкин, директорка на Центарот за Жени, Мир и Безбедност, изјавила: "Мило ми е што LSE постдипломските студенти ја имаа оваа уникатна можност да учат директно од значајните увиди, перспективи и искуства кои Анџелина Џоли, специјалниот претставник на ОН и професор на пракса во посета ги изнесе на предавањето."

Таа додала дека "критичката и конструктивна" дискусија со студентите на тема "правата на жената" биле во сржта на програмата за едукација во центарот.

Пред предавањето, Џоли изјави за Тhe Evening Standard дека чувствува пеперутки во стомак и дека ова е навистина многу важно за неа.

Курсот е воден од страна на Центарот за Жени, Мир и Безбедност, кој започна минатата година со помош на Џоли и поранешниот министер за надворешни работи Вилијам Хаг.


Во 2012-та, двајцата ко-основачи покренаа глобална иницијатива за справување со сексуалното насилство во конфликтните зони.

Во понеделникот Џоли изјави дека таа е горда на она што е постигнато до сега - "Ние сме фокусирани на следните чекори: употреба на алатките кои се развиени во областа за да ни помогнат да ги документираме злосторствата и да им олесниме на обвинителите против злосторниците, да работиме со воените сили за да ја променат доктрината и обуката во овој поглед и да извршиме притисок за да се спроведуваат законите за заштита на најранливите жртви."


Џоли го напиша и го режираше филмот од 2011-та година In the Land of Blood and Honey за босанската војна за време на која се верува дека околу 20.000 жени биле силувани, злоупотребувани и убивани.



Спонозорирани линкови

Маркетинг