Дачиќ: Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН е заборавена

Макфакс

15/03/2017

10:16

375

Големина на фонт

а а а

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија никогаш нема да го прекине дијалогот со Приштина, но зазема позиција против едностраните дејствија, пишува во средата InSerbia.

“Србија секогаш била за дијалог. Ние нема да го прекинеме, дури и да не сме незадоволни. Ние нема да уценуваме за да учествуваме во дијалогот, како што тоа во моментов го прави Приштина, нема да провоцираме”, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Белград сака договор и трајно решение за прашањето на односите со Приштина, но е е против едностраните дејствија.

Коментирајќи ги напорите на Косово да стане членка на УНЕСКО, министерот за надворешни работи изјави дека “со време условите, како резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН се заборава”.

“Ние не сме против учеството на Косово во меѓународните организации, но ако тоа е јасно дефинирано и ако биде асиметрично, бидејќи за нас прашањето на статусот на Косово не е решен”.


Спонозорирани линкови

Маркетинг