Еуропол: Албанија главен извор на канабисот во Европа

Макфакс

15/03/2017

09:57

406

Големина на фонт

а а а

Европската организација за борба против криминалот и организираната трговија „Еуропол“, својот последен извештај, ја посочува Албанија како главен извор на дрогата од типот канабис во Европа.

Весникот „Шекулли“ пренесува делови од извештајот на „Еуропол“, во кој стои дека дрогата од типот канабис се произведува во Албанија, а потоа се врши нејзина дистрибуција во Итаклија, Франција и Грција.

Исто така, Албанија се споменува и во картата на држави каде што се врши и транзит на дрога која доаѓа од Авганистан и се пласира на европскиот нарко пазар.

Според албанските медиуми од почетокот на оваа година, над 30 тони дрога од типот канабис сатива откриле и заплениле полициите на Албанија, Грција и Италија.

Италија на неколку пати побара од Албанија да се превземат ригиорозни мерки за запирање на поморските патишта од Албанија кон Италија преку кои се шверцува дрогата.

Деновиве албанскиот премиер Еди Рама, го смени министерот за внатрешни работи Саимир Тахири, а печатот шпекулира дека недоволната борба против производството и трговијата со наркотици е причината за неговата смена.


Спонозорирани линкови

Маркетинг