Една од најбараните манекенки: „Често ми зборуваат дека сум дебела и грда“

Точка

14/03/2017

20:30

6.315

Големина на фонт

а а а

20 – годишната манекенка Хејли Болдвин е една од најбараните манекенки на денешницата.

Оваа атрактивна русокоса е еднакво популарна и на социјалните мрежи. Иако многумина мислат дека ужива во популарноста, таа во неодамнешно интервју открила дека е многу чувствителна на коментарите, кои се причина за нејзината анксиозност и депресија.


„Тоа дефинитивно и` прави нешто на твојата душа. Постојат моменти кога сум анксиозна и депресивна, а големо влијание на тоа имаат социјалните мрежи. Кога би ги немало нив, би симнале голем товар од нашиот грб“, открила Хејли објаснувајќи дека тоа има големо влијание врз неа.


„Луѓето често ми велат дека сум дебела и грда. Се обидувам да не мислам на тоа, но некако сите ние сакаме да знаеме што мислат луѓето за нас“, додала таа.


Оваа русокоса убавица ги красела насловните страници на многу престижни магазини како што се Vogue и Glamour.



Спонозорирани линкови

Маркетинг