Рецепт за слабеење за кој ви се потребни само две состојки

Точка

14/03/2017

19:31

8502

Големина на фонт

а а а

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност, зголеменото ниво на маснотии во крвта е болест на денешницата.

Луѓето кои го имаат овој здравствен проблем можат да забележат наслаги од масно ткиво жолта бојаво форма на плочки или јазлина горните очни капаци или на некои други делови од телото.

Со напредувањето на болеста, доаѓа до задебелување на ѕидовите на крвните садови – атеросклероза, за која допринесуваат и други ризични фактори (пушењето, алкохолот, никотинот), а како последица најчесто се јавуваат кардиоваскуларни болести кои се еден од водечките причинители за смрт во светот и кај нас.


Доколку имате зголемено ниво на маснотии во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи им помогнал на многумина.

Потребни состојки: суви смокви и јаболков оцет.

Лекот направете го навечер, а пијте го наутро.

Земете три суви смокви и добро избодете ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој претходно сте ставиле 2 децилитри јаболков оцет.


Оставете го лекот да стои преку ноќта, а наутро изедете ги смоквите. Преостанатиот оцет немојте да го фрлате, туку во него наредната ноќ повторно потопете три смокви подготвени на ист начин. Тие 2 децилитри оцет користете ги седум дена – смоквите ќе го впијат поголемиот дел од течноста. Осмиот ден земете 2 нови децилитри оцет и повторете ја постапката уште една недела. Лекот конзумирајте го 14 дена.


Спонозорирани линкови

Маркетинг