Шарлиз Терон со бакнеж со друга жена го „запали“ интернетот

Точка

14/03/2017

19:04

3.226

Големина на фонт

а а а

Токму кога ќе помислите дека Шарлиз Терон не може да биде попривлечна, се појавува најавата за нејзиниот следен филм "Atomic Blonde".

Шарлиз во овој филм е и повеќе од огнена. Освен што гледачите ќе имаат прилика да ја видат целосно гола, помеѓу експлозивни сцени на тепачки, на крајот од најавата доаѓа и до страствен бакнеж со колешката Софија Бутела.



После тоа работите почнуваат да се развиваат многу брзо. Двете девојки забрзано се соблекуваат и завршуваат во кревет каде што гледачите ги очекуваат уште „жешки“ сцени.


Во "Atomic Blonde" Шарлиз Терон ја глуми елитната британска шпионка Лорејн Бротон која доаѓа во Берлин за да собере информации за убиството на својот претходник.


Филмот е адаптација на стрипот "The Coldest City", а го режирал Дејвид Лич, познат по филмот "John Wick". Станува збор за шпионски трилер кој се случува за време на студената војна.




Освен тоа што прикажаните сцени на борба најавуваат одличен акционен филм, интернетот веќе „гори“ поради жешките сцени на Шарлиз.



Спонозорирани линкови

Маркетинг