Која е Тифани Трамп, ќерката на Доналд Трамп за која малку се знае?

Точка

14/03/2017

22:00

5318

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп не е од оние политичари кои се трудат да го сочуваат своето семејство подалеку од будните очи на јавноста. Освен тоа што неговата сопруга го следи на секој јавен настан, што е и очекувано, на првиот човек на Америка неговите деца често „му го чуваат грбот“ пред камерите.

Досега сме имале чести прилики да ги гледаме во јавноста Ерик, Доналд помладиот и Иванка. Вниманието на инаугурацијата го привлече и неговиот најмлад син Барон Вилијам, но неговата втора ќерка речиси никаде не се појавува.


23 – годишната Тифани, која Доналд ја добил со втората сопруга Марла Мејплз, е исклучена од политичкиот живот, па за многумина беше вистинско изненадување кога се појави на отварањето на хотелот на Трамп во Ванкувер.


„Тифани наскоро ќе му се придружи на нашиот тим, секогаш ни е мило кога си со нас“, рекол нејзиниот брат на отварањето на споменатиот хотел.


Убавата Тифани се чини дека попрво би уживала во парите и удобниот живот, но после оваа изјава се претпоставуваше дека втората ќерка на американскиот претседател наскоро ќе добие некоја од важните позиции во семејната организација, иако од организацијата набрзо стигнало соопштение со кое се демантирале овие најави.

Доналд во едно интервју потврдил дека нема многу доверба во Тифани.


„Дон, Ерик и Иванка се мојата гордост, многу напорно работат. Со Тифани се гордеам во помала мера, сепак, таа само што го заврши факултетот и е одлична девојка“, рекол тогаш претседателот на Америка.

Нејзе вниманието и` го привлекувале други работи, како што е пеењето. Таа завршила студии по социологија и урбана култура, работела во „Вог“, а потоа се испробала и како пејачка, но во ништо не остварила значаен успех.


Можеби не се појавува пред камерите со своите браќа и сестра, но на социјалните мрежи со задоволство споделува фотографии на кои се гледа дека ужива во друштвото на познатите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг