Опасна игра: Прединсталиран малвер испорачан на 38 Андроид паметни телефони

Точка

14/03/2017

18:00

4023

Големина на фонт

а а а

Оваа вест лесно би можела да прерасне во прилично опасна афера доколку се дознаат имињата на компаниите.

Овие информации кои што ги пренесоа неколку специјализирани портали за паметни телефони и технологија би можела да го потресе не само Андроид, туку и генерално пазарот на памети телефони.

Информацијата ја пренесе компанијата Check Point која што се занимава исклучиво со информациска безбедност. Во нивното соопштение стои дека биле откриени 38 паметни телефони кои што биле испорачани на пазарот како дел од понудата на една голема телекомуникациска компанија и една мултинационална технолошка компанија.

Засега нема многу информации околу овој скандал, но факт е дека ситуацијата е непријатна затоа што 38-те откриени паметни телефони биле продавани со прединсталиран малвер кој што овозможувал да се читаат корисничките податоци или да се превземе контролата врз паметниот телефон.


Експертите од Check Point потврдиле дека малициозните датотеки и софтверот кој што бил пронајден на спорните уреди не бил интегрален дел од иницијалниот ROM Firmware кој што е вграден од страна на производителот на уредот, туку дека бил инсталиран подоцна, односно „некаде во ланецот на дистрибуција“.

Во шест случаи, како што откриваат од Check Point докажано било дека ROM-от бил инсталиран со таканаречени „привилегии на системот“, односно тоа значи дека Firmware-то на уредот мора комплетно да се реинсталира за да се отстрани малверот од уредот.

Не треба да се напоменуа колку сето ова е опасно и ја загрозува приватноста на корисниците на ваквите телефони кои што веројатно никогаш нема да дознаат дека таков малвер има во нивниот телефон.


Спонозорирани линкови

Маркетинг