Турција: Оценката на Венецијанската комисија нема никаква вредност

Макфакс

14/03/2017

16:23

715

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека извештајот на Венецијанската комисија, во врска со претстојниот референдум во земјата, “е целосно политизиран и субјективен” и “нема никаква вредност”, пренесе во вторникот Reuters.

Пред неколку дена, комисијата на Советот на Европа, која се смета за најавторитетн меѓународен орган, составен од истакнати правници на Стариот континент, изрази загриженост за тоа што во Турција може да се појави “единствен режим”, а најавените уставните измени му овозможуваат на претседател да има извршна власт без надзор и слабеење на независноста на судскиот систем.

Боздаг ја обвини комисијата дека “зазела страна” и се противи на промените. Документот, вели Боздаг, ги одразува ставовите на опозициските партии. Според него Турците ќе одговорат на обвинувањата, ако гласаат со “да”.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека промените се потребни за да се справи со опасностите како “Исламска држава”, ПКК и неуспешниот обид за државен удар кој се случи лани во јули месец.


Спонозорирани линкови

Маркетинг