Моторот на Рено ги надминал очекувањата

КРУГ.МК

14/03/2017

18:30

1.291

Големина на фонт

а а а

Рено сметаат дека нивниот нов Формула 1 агрегат ги надминал очекувањата иако за време на предсезонскиот тест имаа проблеми со издржливоста.

Французите од Вири произведоа целосно нов мотор за оваа сезона со цел да се стигнат Мерцедес и Ферари и да им се дадат поголеми шанси на Ред Бул да се борат за победи.

Проблемите на Рено на предсезонскиот тест беа поврзани со Системот за повраток на енергијата што ги принуди екипите кои го користат моторот да го возат истиот во конзервативен мод. Пред почетокот на тестирањето французите биле свесни дека можност за проблеми постојат, но задоволни се со сработеното и имаат време да ги корегираат грешките до првата трка.

Сирил Абитебул е јасен дека нивна цел е завршување на првата трка во сезоната, односно издржливоста на моторот.

„Сигурно дека ќе бидеме во позиција да се бориме за титула. Го знаеме тоа и ќе дадеме се од себе да му го овозможиме тоа на Ред Бул, а како за почеток ќе им дадеме издржлив мотор за првата трка“, објасни Абитебул.

Рено пресметале дека чистите подобрувања кои доаѓаат само од моторот оваа година изнесуваат 3 десетинки.

„Се наоѓаме во рамките на предвиденото, дури, можеби сме и над предвиденото. Дојдовме со целосно нова архитектура на моторот, но само во однос на моторот со внатрешно согорување, но целосно нов е и Системот за повраток на енергијата. Тоа само по себе значи голем предизвик во однос на издржливоста и нема никакви изненадувања затоа што проблеми очекувавме и добивме неколку.

Но, добра вест е дека сето тоа не е за ништо затоа што перформансите ќе ги видите кога ќе ја средиме издржливоста и ќе работиме на нив. Засега не го правевме тоа затоа што работевме на дистанцата и животниот век на деловите од моторот што сеуште не е целосно под контрола. Но, перформансите ги видовме и знаеме дека сме таму“.

Во моментов Рено под полна пареа работи на изборот на агрегат за Австралиското ГП кој треба да биде совршен сооднос помеѓу издржливост и перформанси, а со 4те мотори годишно кои секој возач ги има на располагање, инженерите не смее да “утнат“.

„Се може да се случи во Мелбурн, а ние даваме се од себе да се случат дамо добри работи таму. Веруваме дека ја имаме ситуацијата под контрола, но овие мотори се толку комплексни за контролирање така што мораме да донесеме уште многу одлуки пред трката, одлуки кои ќе имаат директно влијание не само врз пласманот, него и врз крајот на трката. Многу е важно да останеме фокусирани и да не земаме нишпто здраво за готово“, објасни Сирил Абитебул.

Рено од почетокот на годинава е дециден дека ќе има напредок во однос на перформансите со секоја нова спецификација која ќе биде носена на патеката, а Сирил откри дека првиот подобрен мотор веќе се тестира на динамометарот.

„Како и секогаш кога се анализира животот на моторот, многу работи кои се гледаат на патеката се сосема различни на динамометарот, а различни и во канцеларијата на дизајнерите.

Во моментов на динамометарот тестираме големи новини кои ќе се појават на моторот а се однесуваат на придобивка во перформанси, така што секогаш на патеката сме еден чекор назад. Но, вистина е дека во моментов немаме откриено ништо ново, ништо драматично“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг