Научниците на Сталин: Од хибрид на човек и шимпанзо до оживување на мозокот на Ленин - најбизарните Советски експерименти

Точка

14/03/2017

15:59

8.641

Големина на фонт

а а а

Во книгата "Сталин и научниците: Историја на триумф и трагедија 1905-1953" подробно е опишан односот на Сталин кон развојот на науката, кон луѓето кои го носеле овој развој, како и сите бизарности кои советските научници се обидувале да ги изведат.

Само неколку години по смртта на Ленин, советскиот тиранин Јосиф Васерионович Џугашвили Сталин им се обратил на младите комунисти: "Пред нас има тврдина. Таа тврдина се нарекува наука, со многу области на знаење. Мораме да ја искористиме оваа тврдина по секоја цена. Ние сме 50 или 100 години зад развиените земји. Мораме да го намалиме тој јаз во наредните десет години. Или ќе успееме во тоа или ќе не уништат."

Се до неговата смрт во 1953-та година, Советскиот Сојуз го изградил најголемиот научен центар во историјата. Тоа, помеѓу останатото, резултирало со лансирањето на првиот сателит, Спутник во 1957-ма година и испраќањето на првиот човек во вселената, космонаутот Јуриј Гагарин во 1961-ва.

Во книгата "Сталин и научниците: Историја на триумф и трагедија 1905-1953" (Stalin and the Scientists: A History of Triumph and Tragedy 1905 - 1953), Британецот Симон Ингс подетално се позанимавал со односот на Сталин кон развојот на науката, како и кон луѓето кои стоеле зад овој развој. Оваа неодамна објавена книга добила сјајни критики од читателите, кај критичарите и историчарите кои сметаат дека е сеопфатна збирка за советската наука во првата половина од 20-тиот век.


Глад, војни, широко распространет алкохолизам и очекуван животен век од одвај 30-години: тоа била сликата на царска Русија во пресрет на Октомвриската револуција. Да ги реши овие проблеми, да ја модернизира Русија и да и' го врати нејзиниот статус на "веле сила" болшевиците имале потреба од помошта на науката.

"комунизмот не може да се гради без знаење, технологија и култура, но тие се сопственост на буржоазиски специјалисти. повеќето од нив не го одобруваат советскиот режим, но без нив не можеме да го градиме комунизмот", изјавил Ленин.

Науката како сојузник

Сталин кратко по смртта на Ленин ја прифатил науката како свој сојузник. Го нарекувале "големиот научник", а тој пак ја основал наградата за наука под своето име. Сталин верувал во наследување на стекнатите особини, што било типично верување за тоа време. Една од неговите опсесии биле лимоните кои ги одгледувал во својата градина во близина на Москва. Тој го охрабрувал нивното одгледување не само во родната Грузија каде што добро успевале туку и на Крим, каде што острите зими по правило ги уништувале садниците.

Меѓутоа, сонот на Сталин не се состоел од одгледување на лимони во арктичкиот круг, а ваквите заблуди ги хранеле и псевдонаучниците околу него, меѓукои најозлогласен бил Трофим Денисович Лисенко.

Амбициозниот практичар кој работел "за општо добро", Лисенко - бил водечки биолог во времето на Сталин, иако немал формално образование. Со потекло од украинско селско семејство, Лисенко се вработил во Институтот за земјоделство во Киев за во 1928-мата година да објави дека измислил вернализација - постапка со која се забрзува развојот на билките и се овозможува сеење на зимски култури во пролет.

Меѓутоа тој не измислил нова техника, туку се користел со стара метода на руски селани. Тврдел дека на овој начин ќе ги зголеми три или четири пати приносите, но тоа не се случило: за време на голем глад во СССР во 1946/47 умреле два милиони луѓе од неухранетост.


Лисенксизам

Лисенко ги отфрлил Менделовите закони на генетика и тврдел дека стекнатите особини ќе можат да се наследуваат дури во следната генерација. Оваа теорија и денес се нарекува Лисенкизам.

Интересно е тоа што Трофим Лисенко дури 40 години бил славен како голем научник од народот и бил на чело на Институтот за генетика во Москва се до 1965-та година. Некои од реномираните советски научници, како ботаничарот и генетичар Николај Вавилов, кој е основач на познатата ботаничка градина во Павловск во близина на Санкт Петербург (тогашен Ленинград) го критикувале Лисенко. Вавилов дури се обидел да го убеди Сталин во грешките на Лисенков, но тоа го платил со својот живот. Го уапсиле во 1940-та година, а три години подоцна починал во затвор.

Трагичната судбина на Николај Вавилов ја доживеале и други сериозни научници чии отпуштања и убиства ги организирале Сталин и неговите најблиски соработници. Научници, уметници, академци но и обични работници и селани станале жртви на "големата чистка" за време на која од 1936-та до 1938-ма година биле уапсени осум милиони луѓе, од кои еден милион биле убиени.

Во оваа книга, Симон Ингс ја опишал серијата на трагичните судбини на советските експерти, но ги опишал и бизарните приказни за опасните шарлатани како Лисенко. Тие за жал преживеале..


Еден од најживописните ликови бил Илија Иванов, кој уште во царска Русија бил познат по своите пионерски експерименти на вештачко оплодување на животни, особено коњи. Како личност која уживала во наклонетоста на царското семејство, Иванов по Октомвриската револуција се стекнал со довербата на болшевичката влада за својата програма за создавање на хибридни животни.

Кулминацијата на неговата тајна програма била идејата за создавање на хибрид од човек и мајмун поради што во 1926-та во тајност заминал во Гвинеја, која тогаш била француска колонија. На пат застанал во Париз кадешто се здобил и со поддршката на директорот на славниот Пастеров Институт. Го запознал и рускиот имигрант Сергеј Воронофа кој во 1920-та во Франција извршил трансплатација на мајмунски тестиси на постар маж со цел да го подмлади.


Воронфовата операција завршила со фијаско, исто како и Ивановиот обид да направи хибрид од човек и шимпанзо. По неуспешните обиди да оплодат мајмун - женка со човечка сперма, Иванов одлучил да го сврти експериментот во обратен правец. Имал намера неколку локални жени во близина на центарот з апримати Киндија да ги оплоди со сперма од шимпанзо, но за ова не добил дозвола од францускиот гувернер во Гвинеја. Па поради тоа земал 20 шимпанза од Гвинеја и отпатувал во советската република Абхазија кадешто нашол доброволки за својот бизарен експеримент.

Сепак, се покажало дека ниту едно од шимпанзите не е доволно зрело, па на крајот Иванов се одлучил за орангутанот Тарзан. Но, во последен момент Тарзан починал поради излив на крв во мозкот. Иванов не губел надеж, туку нарачал нова пратка на примати која не ја дочекал дека како жртва на чистката во 1930-та година бил прогонет во Казахстан. Бил ослободен година дена подоцна но набрзо починал.


Вечна младост

Подеднакво бизарен лик во книгата е и белорускиот научник Александар Богданов, чие вистинско име е Александар Малиновски, кој бил еден од основачите на болшевичкото движење и противник на Ленин. Со текот на времето изгубил интерес за политика па с свртел кон пишување и псевдомедицина. Во својот научно-фантастичен роман ја опишал размената на крв помеѓу жителите на Марс, која им го продолжувала животот и им ја подобрувала сексуалноста.

Богданов верувал дека со помош на трансфузија на крв ќе остане вечно млад па во ова успеал да го убеди дури и Сталин кој до 1925-та година го поставил Институтот за трансфузиологија во Москва. На Богданов му го довериле мозокот на Ленин со надеж дека ќе успее да го оживее починатиот советски лидер.

По 11 трансфузии, Александар Богданов изјавил дека видот му се подобрил и дека неговото губење на коса престанало. Меѓутоа починал во 1928-ма година кога примил крв од студент кој имал маларија и туберкулоза. Сепак, дури ни ден денес не се знае дали починал од заразената крв или поради погрешна крвна група. Иако бил славен како голем научник на Сталин, Богданов никогаш не објавил некој научен труд кој би го разгледале експерти. Пишувал исклучиво псевдонаучни памфлети кои Советскиот прес ги ширел како пропаганда.


Помеѓу научниците - шарлатани, значајно место имала и една жена. Олга Борисовна Лепешинска била биолог и блиска пријателка на Владимир Илич Ленин и неговата жена Недежда Крупскаја. Била учесник во Октомвриската револуција, а приватно важела за шармантна личност која се борела против антисемитизам и го посветила својот живот на децата без родители.

Меѓутоа како научник, Лепешинска била вистинска катастрофа. Една од нејзините, во советската јавност популарни теории, била дека капење во вода со сода ги подмладува старите личности, што довело до настанување на сода бикарбоната во Москва. Во староста Лепешинска ја изнела мистичната теорија за "виталната материја" и тврдела дека снимила живи клетки како се формираат од нежива материја.

Сето ова било измислица, но нејзиното наводно откритие го воодушевило Лисенко кој и' ја доделил наградата "Сталин". Олга Лепешинска со децении ја потресувала советската наука: Умрела на 92 години, но дури и во доцните осумдесетти години редовно одела во лабораторија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг