Атрактивната актерка немилосрдно ја исмеала Иванка Трамп

Точка

14/03/2017

15:49

4.785

Големина на фонт

а а а

Актерката Скарлет Јохансон снимила реклама за лажен парфем, во која ја глуми првата американска ќерка.

Американската актерка Скарлет Јохансон, во саботата во вечерниот хумористичен скеч-програм, кој се емитува во живо на "Saturday Night Live", немилосрдно ја исмејувала ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп.




Актерката која планетарна популарност стекнала со улогите во филмовите "Lost in translation" и "Girl with a Pearl Earring", снимила видео клип за реклама за лажен парфем, и во него ја глумела првата американска ќерка. Облечена во златна тоалета со перика "а ла Иванка", таа го рекламирала парфемот "Complicit" или "Соучесник" во кој најстарата ќерка на претседателот ја обвинува за лицемерие.


"Таа е убава, таа е моќна, таа е - соучесник. Жена која знае што сака и што прави. Верна е. Феминистка, адвокатка, хероина, жена, но...таа è и соучесник", чита нараторот и продолжува: "Парфем за жена која би можела да го прекине сето ова, но не сака".


Во еден момент нејзиното исмејување оди толку далеку што Скарлет го поправа карминот и се гледа во огледало, но во одразот е нејзиниот татко Доналд Трамп. Бројни американски стоковни куќи неодамна ги повлекле производите со потписот на Иванка Трамп.


Иако од "Nordstrom" и од "Nieman Marcus" објасниле дека го направиле тоа бидејќи нејзината роба лошо се продава, се претпоставува дека одлуката била донесена поради несогласувања со политиката на Трамп, поради неговите одлуки за мигрантите и поради вулгарниот речник кој го користел за жени. И покрај тоа, модното царство на Иванка наводно добро се опоравува.



Спонозорирани линкови

Маркетинг