Српски четници му оддадоа почит на Дража Михајловиќ

Макфакс

14/03/2017

15:40

1.313

Големина на фонт

а а а

По повод 71-годишнината од апсењето на лидерот на четничкото движење во Србија, Дража Михајловиќ, членови на Равнгорското движење, во Вишеград му оддадоа почит на делото на генерал Михајловиќ, информира Аl Jazeera.

Телевизијата наведува дека за митингот била известена локалната полиција и немало сериозни инциденти, слични на оние од претходните години.

Поклонението за Дража Михајловиќ се одржува секоја година, на 13 март, во градот Вишеград во Босна и Херцеговина.

Al Jazeera истакнува дека за време на војната во Босна, во Вишеград загинале над 3.000 Бошњаци, меѓу кои 128 деца.



Инаку, генерал Дражен Михајловиќ бил кралски српски офицер, кој учествувал во Првата светска војна (1914-1918), а во составот на Вардарската пешадиска дивизија бил на фронтот кај Битола, каде во 1916 година војувал против бугарскара армија. Во тој период на два пати бил рануван.

За време на Втората светска војна (1939-1945) тој го организира четничко движење и се борел како со германските војници и хрватските вооружени единици, така и против партизаните на Јосип Броз Тито. По воспоставувањето на комунистичката власт во Југославија, на 13 март 1946 година е уапсен во регионот на Вишеград, потоа е осуден на смрт и е стрелан на 17 јули 1945 година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг