Ердоган удри најжестоко по Холандија: Знаеме која беше вашата улога во масакрот во Сребреница!

Точка

14/03/2017

15:33

2.648

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Турција изјави дека Турција знае како Холандија „ја разбира“ цивилизацијата и моралот преку нејзината улога во геноцидот во Сребреница.

„Дури и во војната, постои правило дека не смее да се отвора оган на медицинските лица, но ако станува збор за Холанѓани, тогаш тоа можат да го сторат. Да, отворено тоа го велам затоа што ние ја знаеме Холандија и ги знаеме Холанѓаните уште од Сребреница“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и додаде:

„Дознавме за нивниот расипан карактер од времето кога беа масакрирани осум илјади Бошњаци во Сребреница, ги знаеме многу добро. Никој не треба да ни држи лекции за цивилизација. Челото и образот на нашиот народ се чисти, а нивните се целосно црни“, изјави Ердоган.


Во неделата, Кахраман Халишчелик, дописник за турската државна телевизија „ТРТ“ од Њујорк исто така ги обвини Холанѓаните за учество во геноцидот кој што беше извршен во Сребреница на почетокот од деведестите години од минатиот век.

Турскиот новинар на својот профил на Твитер напиша дека досега се мислело дека Сребреница не е намерно организирана.


„Цело време мислевме дека Сребреница не е намерно организирана. Сега ни е јасно дека Холанѓаните имаа намера да ја исчистат Европа од муслиманите“, напиша турскиот новинар Халишчелик.

Холандија, исто како и Германија и Австрија, зазеде став на својата територија да не им дозволува на турските политичари да одржуваат собири за поддршка на предстојниот референдум за измена на уставот со кој што на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би му се зголемиле овластувањата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг